И милионерите знаат да бидат сељаци

Џабе милиони кога не ти текнува дека не можеш на девојката со која треба да одиш на дејт, да ѝ пратиш „список со очекувани однесувања“.

Излегувањето со потенцијални романтични партнери може да биде и забавно и напорно. Особено кога ќе ти текне колку „жаби треба да се бакнат“ за да се дојде до каков-таков „принц“.

Една девојка конкретно успеала да договори дејт што на многу жени им е дејт од соништата - ете, со милионер.

Тука одма има и лекција за истите тие жени и лекцијата се вика „па што ако е милионер“.

Затоа што, типот најсамоуверено си пратил списоче со барања за потенцијалната девојка, од кои поприфатливите се „да има пасош и да биде спремна на спонтани патувања“, а од поидиотските се „ако состанокот помине како што треба, ќе добие покана за втор во рок од три до пет работни денови.“

Од другите:

  • Да потпише договор за дискреција
  • Да биде емотивно достапна, но не преемотивна
  • Да не зборува за хороскоп
  • Да пристигне седум минути порано затоа што „пет е сомнително, десет е непочитување“
  • Да има своја кола, затоа што тој имал шофер и немало да ја собира
  • Да нарачува самоуверено
  • Да не го става на социјални мрежи затоа што братучетка на бившата жена го следела

На девојката не ѝ се оди на состанок, што е разбирливо, ама па од друга страна гласно се прашува дали да оди, затоа што „личел фин“.

Еве, вие кажете.

9 октомври 2026 - 09:51