А можело и да не се краде од уметници

Јавноста може и не забележува, ама толку многу се крадат уметнички дела, дури и локално, што уметниците веќе превртуваат со очи и ги мрзи воопшто да ја почнуваат темата. А сериозен безобразлук е во прашање, и Џефри Стар покажа како треба.

Холивудскиот хорор на озборувањето: Хеда Хопер

На меѓународниот ден на озборувањето, ја озборуваме (хехе) Хеда Хопер, со моќ и влијание за кои денешните блогери можат само да сонуваат. Како интро, доволно е да видиме еден наслов за нејзе од 1947-ма: „Озборувањето ѝ е работа”.

Ни требаат „goddess parties”

Затоа што не се само родендени и девојачки вечери за славење.

Непријатни (и реални) аргументи против раѓање деца

Според статистика, во Америка (каде што има попис) бројот на жени без деца е повисок од кога и да е. И без разлика што локално информацијава може да се пречека со пцуење, непријатниот факт е дека, барем од научна гледна точка - добра идеја е да немаш деца.

Нели бе, сите тела се убави?

„Убавината не познава големини.” „Секое тело е убаво.” „Инклузивност во модната индустрија.” Зошто тогаш со дрва и камења по Бела Хадид?

Како да ја преживееш новогодишната забава од работа

Декември е, така што веројатно ви е веќе јасно дека на работа полека се организира новогодишна кафана, или нешто попристојно. Уствари, не. Веројатно веќе знаете и датум и локација.

Доста се расфрлате со телото како да е „fast fashion”

„Да имав совршено тело низ историјата, вака би изгледала.”

Викторијас Сикрет не е јавен сервис

Модната индустрија во целост има општествена одговорност со оглед на тоа колку е влијателна, ама секој бренд посебно апсолутно не мора да биде „сервис на граѓаните”. Со тоа што, луѓето што не изгледаат како ангели на Викторијас Сикрет никако не можеш да ги убедиш во тоа.

Како да бидеш дел од високата класа?

Ако ништо друго, фино е да пробаш да се стремиш кон тоа. И само една од стварите што те носат натаму да штиклираш, веќе си на добар пат. Како на пример, да бидеш културен. Познаваме доста луѓе што баш на тоа ќе ги бутне комисија, ама па сега... Да се проба.

Не е фер станов

Во Фиренца. Со поглед. Стварно нема смисла.

Зошто жените сè поретко одлучуваат да се мажат?

Жени што се трудат апсолутно секој да дознае дека „немаат намера да се мажат” полека, но сигурно стануваат бучни скоро колку и тие насекираните „зошто не си омажена.” А всушност, многу нормални, општествени фактори се во прашање.

Мејкап рехабилитација

Во моментов, козметичкиот свет дише на масовна потрошувачка. Сила зема од Инстаграм и пазарот на мега-колекции за шминка, се рекламира со #shelfies на кои се прикажани полици и фиоки за шминка пополни од двокрилен фрижидер. Дојдовме до „повеќе е поубаво”. Но што ако луѓето што ја движат оваа сила одеднаш се откажат?

Лифтинг на плакар, со професионалец

Колку време ви помина од последното преуредување плакар?

Мајки држ'те се

Малтретирањето мајки од страна на луѓе што уживаат да се прават паметни станува спорт.

Селин Дион и хеланките на ѓаволот

Селин Дион, е обвинета за промовирање сатанизам од неколку бизарни, глупи причини што ќе ве воодушеват.

Викторија Бекам доаѓа на Јутјуб

Вака кога ќе размисли човек, стварно знае по стотти пат да се пронајде себеси, и тоа во ново.

Туѓ моден срам на најјако

По Америка има ланец на продавници што се вика Payless. Тоа е продавница за евтини кондури и ја имало насекаде, додека не се појави чудото наречено „онлајн шопинг”, па испозатворија 670 продавници и главно функционираат на интернет. И тролови се.

Сексот со ментално нестабилни жени е наводно подобар

Ниедна жена нема намера свесно да влезе во категоријата „лудача”, но сепак, знаеме дека се случува. Се губи памет по некого, па се прават ствари што не би ти паднале на памет на „трезно”. Тука влегуваат и реални проблеми со менталното здравје кои само придонесуваат кон целиот тој хаос. Непријатната вест е што постои тврдење дека на мажите сето ова, макар и ненамерно - им одговара.

#MeToo ја симна 'Baby It's Cold Outside' од радио

Една радио станица во Кливленд, Охајо решава да ја забрани Baby It's Cold Outside, затоа што текстот не проаѓа во време на #MeToo.

Видете бе, што прави

Има луѓе што (се) шминкаат колку да (се) разубават малку. Има луѓе што користат шминка за да сменат личен опис (за тие се расфрламе со шеги „nosi ja na bazen na prv dejt haaahahah”), па луѓе што експериментираат со бои, па луѓе што создаваат уметност со шминка. А имаме и вакви работи.

Сите во када

Истражувањево е направено на група од 14 луѓе, што значи дека не е баш исклесано во камен, ама нам ни одговара резултатот, па ќе го искористиме: наводно, еден час во када троши калории колку 30 минути пешачење.

„Dad fashion” - најголемиот тренд за 2018-та

Лесно е да помисли човек дека најголемите трендови се базираат на стилот на славните, или се симнати директно од писта, ама 2018-та, таква ван сите вери, не дозволува.