Порнхаб се нуди да му ја спаси еротиката на Тамблр

Тамблр се продава. Во екот на општото разочарување од платформата, чии корисници си бараат друго чаре откако стана построго таму, Порнхаб мајчински ги шири рацете и ветува дека ако го купи, ќе им го врати целото изгубено порно.

Потпретседателот на Порнхаб, Кори Прајс, за Базфид во мејл изјавува дека се заинтересирани да го купат, со тоа што би ја повлекле забраната за содржини за возрасни што Тамблр ја воведе во декември минатата година. Забраната инаку ги налути корисниците кои сајтот го гледаа како безбеден простор за маргинализирани сексуални групи.

Зошто не го бива Тамблр без порно

„Тамблр им беше прибежиште на тие што сакаа да ја истражуваат и изразуваат својата сексуалност, исто и на љубители на содржини за возрасни,” нажалено ќе рече Прајс. „Веќе некое време сме резигнирани што се преземаа такви мерки за искоренување на еротските заедници од платформата, оставајќи многу луѓе без азилот со кој удобно ги следеа овие содржини.”

Тамблр инаку имаше репутација за хостирање на порнографија за млади жени и квир лица - групи чии интереси се главно игнорирани во мејнстрим порнографијата.

Од Веризон, (од каде што се продава Тамблр), уште немаат искоментирано на темава. Додека луѓето го гледаат Порнхаб како принц на бел коњ, Џон Констин предупредува на пиар-от на на компанијата.

„Со оглед историјата на Мајндгик (што го држи Порнхаб) во однос на експлоатација на порно актерите, ова може да биде катастрофа за светот на перверзиите,” вели Констин. Мајндгик ги држи и Јупорн и Редтјуб, па Констин се расправа дека со купување на Тамблр, Мајндгик ќе може да ги монополизира и експлоатира порно-блогерите.

Сепак, ние тука ќе се порадуваме на овој пријатен, утешителен твит со порака од Порнхаб до сите што останаа без својот перверзен покрив над глава, кога Тамблр најави дека ќе затвара порно:

Срцки.

3 мај 2019 - 13:01