Од тогаш (1997-ма година), брендот на Ејми - Тиби расте во современ бренд за жени познат по елеганција, асиметрични силуети и креирање дизајни за облека во која треба да може да се живее. Ние тешко би стигнале до неа, ама затоа Man Repeller може да ја викне во штаб и да ја испрашува ствари што и нас би нè занимале, па ги дознаваме следниве корисни мудрости:
1. „Fake it til you make it” (Лажирај додека не успееш) функционира… се додека ти е јасно дека лажираш.
„Ако почнеш да си веруваш во сопственото преправање, тогаш имаш сериозен проблем,” објаснува Ејми. „Немаш бизнис додека не добиеш производ.” Кога Ејми се спремала да го лансира Тиби, направила пресметки колку пари може да изгуби, а сепак да не пропадне. Наместо да креира амбициозен, долгорочен план, Ејми се држела со двете нозе на земја, фокусирајќи се на краткорочни добивки.
2. „Кога ќе се преселиш во друга држава, имаш дозвола да пробаш нешто што инаку не би го пробала. Особено ако луѓето зборуваат на друг јазик. Може да ти викаат не, а ти да реагираш со не знам што зборуваш.”
Кога се преселила во Хонг Конг, ја имала скоро напуштено работата во Американ Експрес. Се нашла во непознат град, без обврски и решила да оживее четири нејзини модни скици. Дома можела да се консултира со пријатели и да се сомнева во работите, а сега во странство го немала тоа за да ја успорува. „Новата околина може да ја има таа моќ да те ослободи од сите инхибиции што те спречуваат да успееш.”
3. Искористи ја кадата до максимум
Првата нарачка на Ејми се состоела од 4000 парчиња. Кутиите со панталони ги чувала во када, дома, а се друго раширила низ кујнските елементи. Со големи соништа, но скромни почетоци, Ејми можела да донесе информирани и пресметани одлуки - почнувајќи со распродажба дома, со надеж дека ќе продаде доволно парчиња за да може на раат да се истушира после.
4. „Кога ќе одлучам дека нешто веќе не е добро, морам да го уништам до крај.”
Ејми објаснува дека во раните години на Тиби, бутиците се фатиле за трендот на цветни сукњи и ја терале Ејми да вади што е можно повеќе цветни принтови. Тежнеејќи кон оддржлив бизнис, Ејми го послушала советот, но сфатила дека го ограничила брендот на естетика што нема врска со нејзиниот вкус. „Можам да заработам само со создавање нешта што ми се допаѓаат и сакам да ги носам,” вели Ејми. Затоа, ги прибрала цветните дезени и почнала да креира тоа што отсекогаш сакала. „Тогаш се смени сè.”
5. „Кога луѓето ќе кажат дека модата е површна, нека погледнат малку во историјата.”
Ејми не сака да чуе коментари од типот „модата е тривијална работа.” Осврнувајќи се на историски ланчиња со монистри, вели, „уште од првиот ден, некој ставил нешто на себе и почувствувал нешто.”