Докази:
Шминкерката е Мими Чои, ние сме ја запознале тука. На нејзе се должат тие умешно насликани очи по цела фаца на Милер (имаше вкупно седум, сосе неговите).
Според Гардијан, на Милер му ја претставиле Чои, и веднаш ја побарал да му го реши изгледот за настанот.
„Размислував на темата ‘камп’ и ми текна дека повеќе очи што откриваат различни карактери и алтер-ега совршено ќе се вклопи како изглед,” вели Чои.
Процесот го има кај нејзе на Инстаграм, а секое око барало „околу 200 чекори и барем 30 минути.” Потоа, се дефинира дизајнот и се дотерува позицијата на секое око за да се вклопи (и да изгледа логично, без разлика што е таков концептот!) низ правилните црти на Езра Милер.
Резултатот е лице со седум очи, насликани со вештина што те тера да се замислиш кои се тие, родените.