Ако мразиш селфи има решение

Само позајмете од решението на Стефани Ли Роуз, уметник, мрази селфиња, а сепак сака да се овековечи себеси по одмори и знаменитости. И кога би имало повеќе креативни суштества како оваа чудакиња, светот би бил подобро место за живеење.

Значи Стефани мрази селфи.

Нема проблем.

Ќе се слика сегде како умрена.

Како. Умрена. Со сите нишани. Не умрена како што е заспана Заспаната убавица, така женствено легната, со раката божем несвесно зафрлена наназад. Згодна, средена, со фризура.

Не, Стефани ќе биде леш, како од ЦСИ, уште Грисом да фали.

Инстаграмот ѝ е stefdies („Стеф умира”) и е врв.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Стефани малку го има упропастено сировиот хумор, доволен сам по себе, со тотално непотребно објаснување и давање на една социјална конотација на проектот:

„Целата поента на STEFDIES е дека гледачот може да учествува во сликата, без разлика дали ќе ги замислува условите на околината или одново ќе ја креира позата на STEFDIES на сопствена фотографија. Долгата коса и женските купачи на одредени слики алудираат на тоа дека сум женско, но надвор од тоа, претпочитам STEFDIES да остане неутрална и ослободена од возраст, националност, политика и социоекономски статус. STEFDIES е самото по себе лик и ги канам луѓето да се поврзат со тоа и да ги интерпретираат сцените како сакаат. Дел од радоста и хуморот на STEFDIES е што никој не знае баш што се случува и тоа директен одраз на животот генерално.”

Што го објасни, што го запусти, бе Стеф.

25 април 2019 - 17:22