Ваква Мет Гала сме немале

Поточно, ние никаква Мет Гала сме немале, затоа што сме типови на луѓе што работат само кога ќе им дојдат гости, па, ајде поточно вака: светот не видел до сега ваква Мет Гала.

Дури и ланската, што беше од епски размери, беше врзана со библиски референци и ренесанса, а Ријана дојде како папа (многу позанимлив од овој денес што ни доаѓа), како да паѓа веднаш во заборав кога ќе отвори човек слики од оваа.

Домаќини беа Лејди Гага, Хари Стајлс и креативниот директор на Гучи, Алесандро Микеле.

И, бре, каква домаќинка беше Гага!

Прво дојде вака:

Па вака:

Па, од таму ова:

И на крај, како за по дома, ова:

Гага е врв.

Но, прво, да се позанимаваме со темата на настанот.

Camp: Notes on Fashion

(или, Камп: Забелешки за модата)

Што е камп?

На „Камп” сè му е во наводници, како што има напишано Сузан Сонтаг во еден свој есеј во 1964-та. Не е ламба, туку „ламба”, не е жена, туку „жена”. Дефиницијата што ја поставува го етаблира кампот како претеран, драматичен, малку безобразен и инхерентно квир. „Хомосексуалците воглавном се најартикулираната публка на Камп. Се работи за конзистентно естетско искуство за светот. Кампот е победа на стилот против содржината, естетиката против моралот, на иронијата против трагедијата.

А Гага толку многу победи на настанот, што луѓето скоро и да заборавија дека ланскиот папа, Ријана - не се ни појави. Им текна на неколку души, ама главно сите се опседнати со тоа како Гага од огромна розева торта, заврши по гаќи.

И богами, освен сељаците што не испочитуваа дрес код, ништо не беше за фрлање.

На пример, видете го Били Портер, на кој што не му е прв пат вака најјако на свет да претера:

Били Портер

Били Портер пак.

Или ова:

Лаверн Кокс

Робин

Ким и Канје

Келела

Дуа Липа

Сиара

Серена Вилијамс

Хамиш Боулс

Кога ќе си облечеш тепих

Кајли Џенер и Тревис Скот

Селин Дион

Зендаја

Акварија

Оквафина

Лупита Нјонго

Рајан Марфи

И убедливо, најјакото после Гага... а можеби дури и пред:

Џенел Моне

извор

7 мај 2019 - 11:20