Фустан од 3Д принтер за Мет Гала

Џордан Дан носеше фустан што личеше на ружа - направен од пластика. Принтан. Ај некако да побрза периодот кога ќе можеме да си принтаме облека?

И не беше само тој, на настанот дојдоа пет души со принтани фустани, сите креирани од Зак Позен и тим на инженери во Џенерал Електрик.

На пример, овој:

Биле потребни 1100 саати за да се испринтаат 37 ливчиња, а само 21 стигнале до фустанот, кој инаку тежи 15 кила. „Кога го добив првото ливче им поставив предизвик да ги направат 20% полесни,” вели Позен.

Наместо да ја мерат со метро, Дан ја фотографирале од секој агол додека ја вртеле во круг. „Инженерите можеа да го вметнат тоа во програмот, за фустанот да биде совршено точен откако ќе се испринта.”

Додадени биле вени на ливчињата за да изгледа пореалистично. За „оросен” изглед, пластиката ја направиле од мешавина на многу нијанси на црвено и додале светки. „Како техника за фарбање кола е,” вели Позен. „Сакав да изгледа виртуелно, луксузно и живо, скоро како течен лка.”

Фустанот е составен од четири парчиња што се сошиени едно со друго: две за горниот дел, и две за сукњата, а ги држеле на испринтан (исто 3Д) титаниумски кафез кој се користи инаку за медицински цели. Дан носела фустан под тоа и ја извадила сукњата на вечерата на Мет Гала.

Еве ги другите од принтер:

8 мај 2019 - 17:23