Зошто сте такви, бе?

Сме се расправале сто пати. Вагината не е фрижидер, не е осило, не е ќеса за поклон и не е тенџере. Престанете да ставате што стигнете внатре. Ако не ни верувате на нас, верувајте бар доктор кога ќе ви каже. Доктор што ќе се акне од земја што мора ова да го каже во 2019-та година.

Неодамна во онаква група каде што се делат совети за мајкички, девојкички и женички и се бараат алтернативни решенија за да не се оди на доктор, се појави и еден хорор од совет наречен: лук во вагината за борба против габична инфекција.

Значи, не може да сте толку ненормални. Не е ни битно дали стварно постои таму некоја што тврди дека ѝ помогнало. Не ѝ помогнало. Ѝ поминало само, господ знае како, случајно, и случајно не си предизвикала уште некоја инфекција. И на крај краева, ништо од ова не се случило. За таму постојат вагиналети и масти и слично. Сите тие се купуваат од аптека, не од тезга на Зелен пазар, ма колку и да е Зелен пазар добро снабден.

Нејсе.

Имаме нишка од докторка, која сака убаво да објасни зошто мора да престанете со овие самоубиствени решенија.

„Лукот содржи алицин, во лабораторија може да има анти-габични способности. Ова е значи, лабораторија, не е ни тестирање со глувци. Само сад со клетки. Вашата вагина не е сад со клетки.

Многу ентузијасти за вагинален лук (НЕ БИ ТРЕБАЛО ДА ТВИТАМ ЗА ОВА ВО 2019-та, АМА ЕТЕ) препорачуваат да ставиш чешне лук. Тоа значи дека не разбираат дека за да се ослободи алицинот, треба да биде исечено или згмечено. Ах.

Лукот може да има бактерии од почва. Бактериите од почва можат да бидат патогени - лоши за телото. Затоа чистиме рани. Ако случајно имате воспалена, габична вагина, ваквите бактерии полесно ќе ја инфицираат.

Значи за да функционира лукот, ќе треба да го згмечите и некако да го напикате. Уште имаме проблем со прљавштината. А и со исечен лук на чувствително ткиво (АУ!). И ловење на лукот од внатре, за да се извади, од страна на гинеколог.

Бидејќи 50-70% од жените што самите се лечат од габични инфекции всушност и немале габична инфекција, немаме што да кажеме, освен дека половина од нив не ни имале габична инфекција кога почнале да е лечат, па тоа што „им поминало” немало врска со лукот.

Советот ми е, немојте да слушате медицински совети од било кој што препорачува лук во вагината за габични инфекции или за било што.

И уште нешто. Знаете зошто макало чуваме во фрижидер? За клостридиумските бактерии што ги има по лукот да не го произведат токсинот ботулинум. Вагината е анаеробна, значи совршена за клостридиум. Повелете и друг пат.”

-Џенифер Гунтер, гинеколог

Зашо сега да мора ова да ви се каже?!

Особено откако овде се молевме да не ставате конфети, а овде да не ставате осила?

25 април 2019 - 20:04