Ајде да разговараме за веѓи

Може ќе ви се чини небитно во однос на проблемите во светот, ама ако размислиме малку колку време посветуваме на сликање и гледање себеси, па ако на тоа додадеме и размислување за тоа колку луѓето поима немаат од уредување на сопствената фаца, може па и треба да разговараме.

Па што бе, анти-ваксерски проблеми покривме, ново од Трамп дури два пати за денес, тука и тука, имаме за митот за генезата на Европската унија, осврт на инфлуенсери по Букбокс...

Ама сериозниот проблем на тоа како треба да се средуваат веѓи и како НЕ ТРЕБА (а правите!) - не сме го покриле.

Проблемот е што, луѓето се перцептивни суштества и историски гледано - хронично склони на судење според корицата. Нас корица ни е надворешниот изглед, па со тоа и лицето, а со тоа и сè што има на него. Така што, првиот човек што ќе ви се натне околу тоа дека „физичкиот изглед е глупа работа за замарање”, прашајте го - зошто поправа предни заби?

На сличен начин како забите се важни веѓите, со тоа што од нив се креира многу понаметлив пазар - козметичари, бои, шминки, алатки, па дури и мини-интервенции (микроблејдинг).

Зошто? Веѓите се ултра важни. Само нека ви текне на ова:

Поарно ич, отколку Едит Пјаф, луѓе. Некои дури и сакаа последниве години да протурат „no-eyebrow look”, што беше и релативно успешно, со оглед на тоа какви се шминки излегоа и какви се опции се појавија за украсување на таа коска над очниот капак.

Интересно беше, ама среќа па не стана масовно. Во моментов, конечно се враќаме на класиката, а класиката држи цела филозофија.

Која форма е најдобра, како да ја адаптираш формата на твоето лице и како да го оддржиш тоа:

 

7 мај 2019 - 14:08