Барањето за продолжетоци, е надоврзување на една претходна изјава на Трамп во која тој тврди дека бил жртва на обид за пуч предводен од Демократската партија, а изведен преку истрагата на Роберт Мулер.
Правните експерти во најдобар случај коментарите ги протолкуваа како уште едно трампирање, а во најлош како напад на Белата куќа врз владеењето на правото, кое јасно кажува дека мандат е 4 години.
Дел изјавата ја поврзаа со претстојните избори и неговото одбивање во 2016 јасно да каже дека ќе ги прифати резултатите од гласањето кога анкетите покажуваа дека Трамп е пред неизбежен пораз. Сега стравот е дека во случај на пораз на изборите 2020, Трамп не би дозволил мирен трансфер на власта, и би инсистирал да ги истера изгубените две години.