Ванс и Хари Потер

Ванс објави минатата недела дека ќе додаваат нова тематска колекција, а воодушевувачкото и мачното истовремено е што ќе биде на тема Хари Потер.

Воодушевувањето е заради самиот факт што е Хари Потер плус Ванс, затоа што - како би смеело тоа да се пропушти, а разочарувањето е затоа што - најверојатно ќе се пропушти.

Ваквите колекции се познати по тоа што се распродаваат за минути, а со оглед на популарноста на Ванс и безгранично посветените фанови на Хари Потер, овде веќе може правиме муабет и за секунди.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Something magical coming soon: vans.com/harrypotter

A post shared by vans (@vans) on

Од Ванс напишаа, „Наскоро доаѓа нешто магично,” со линк до сајтот, каде што моментално можат да се видат само боите на четирите куќи во Хогвортс и поканата за регистрација за да добиеме нотификации кога ќе се појави „соработката на Ванс и Хари Потер со магична колекција на обувки, облека и додатоци, за вештерки, волшебници и *како и да е македонскиот превод на Muggles*”.

Додека сте таму, прошетајте со маусот преку сајтот.

Како што ќе каже еден коментар после објавата, „Колекцијава Ванс Х Хари Потер има да ми ја умре сметката во банка.”

Последен пат вака вени се сечеа на Ванс и Ван Гог, а иначе, нема веќе од тоа, толку. Од таму и оваа воена спремност за едно тажно „ех”, кога ќе видиш sold out in seconds.

30 април 2019 - 12:49