Богот на сандалите е милостив

И ова е факт, од проста причина што не ни се наметнува елегантниот (и секако поубав) модел на сандали без платформа. Напротив, платформата никаде не оди.

Реално, не дека ние не можевме да инсистираме на поудобно, без разлика на модата. Ама има една ситница што пречи, кога ќе излуди светот баш по одреден правец - ако сакаш поинаку од тоа што е тренд во моментот, губиш многу повеќе време на гледање и барање, и копаш по тоа слабиот избор на демоде ствари, само затоа што тоа ти се свиѓа. Вака, кога и индустријата ќе реши дека корисното и истовремено тоа што ти е по вкус е модерно - на коњ си.

Тука некаде да го прекинеме блузот зачнат во бескрајни лутања по излози и да видиме што имаме конкретно. Лето 2019-то ветува дека ќе биде скроз поинакво од минатото, кога имавме kitten heel, сега имаме платформи до небо.

Моделот се појави во септември лани, кога Миу Миу, Жакемус и Сан Лоран прикажуваа како ќе почнува пролетта. И кога се прави како што треба, нема ништо ненаметливо и нежно во него - напротив, и ова е причината што е тенка линијата меѓу добра сандала на платформа и копито.

Сан Лоран, $892

Стив Маден, $ 100

Џими Чу, $342

И најбољите:
И најбољите:
Алдо, $ 100

Зара кај нас изгледа уште нема добиено мејл на темава, па единствени што се нудат на сајтот се овие:

Зара, 1990 ден.

Зара, 2990 ден.

Притоа врие од минус-платформа модели - од оние што треба да ги истрпиш на целодневна свадба и да се тешиш дека, ако ништо друго - барем се убави и јако ти стојат.

И Бершка слично, ама боље:

Бершка, 2790 ден.

Бершка, 2290 ден.

Топло станува, значи пријатно пазарење.

30 април 2019 - 11:49