Газ значи интелигенција и здравје

Не се јадете што се утепавте од јадење за празнициве.

Не, изјавата не е чаршиски муабет и не е плод целовечерно женско јачање дека „па што ако нè има, баш сме супер.” Со ова се бавеле на Универзитетот во Оксфорд. Поточно, се обиделе да докажат (и им успеало) дека жените благословени со големи задници се стереотипно попаметни и поздрави.

Ова нè ослободува од барем дел од вината за учествување во богатите трпези периодов.

Значи, истражувањето анализира податоци од 16,000 жени и се открива дека жените со поголеми задници од просекот не само што се поинтелигентни, туку и екстремно отпорни на хронични болести.

Главниот истражувач е професор Константинос Манолопулос и го коментира следното:

„Идејата дека дистрибуцијата на телесните масти е важна за здравјето е позната веќе некое време. Сепак, од скоро е сознанието дека мастите околу бутовите и поголемиот обем во тој дел значи подобро здравје - мастите на долната половина од телото штитат.”

Се открива и дека ние што ќе почнеме со вежбање од понеделник, имаме пониски нивоа на холестерол и гликоза, како и повисоки нивоа на Омега 3 масти. Динопектина, што е анти-воспалителен и анти-диабетски хормон исто така повеќе го има кај жени со големи задници, а адипозното ткиво таму наводно спречува кардиоваскуларни болести.

Па... Мора ли од идниов понеделник?

30 април 2019 - 12:27