Знаевте дека има „Зона на самракот“ од 2019?

Ако сте знаеле сите, тогаш јас сум живеела во пештера. Ако не знаевте, еве препорака за гледање.

Чаки го дотераа во „Суприм“

Есента доаѓа за месец дена, ако ви се верува, а ако сметаме според навиката „прв ден во школо“, ене ја за помалку од две недели. Модните куќи вадат нови колекции, а меѓу нив, Supreme повторно (позитивно) изводи.

Џенифер Анистон никако да се откачи од Рејчел

Анистон се појави во еден куп филмови од различни жанрови и играше различни ликови после Рејчел, и себеси успеала да си докаже дека не е „само Рејчел“. Дали и светот почнува да ја гледа со поинакви очи? Еве, тргнете од себе.

Комплицираната модна историја на тетоважите

Тетоважите воопшто не се нови - генезата може да им се следи дури до 5000 п.н.е од кога датираат јапонски фигури со цртежи на нив што личат на тетоважи. Оттогаш, се наоѓаат насекаде низ светот, од мумии, до европски морнари кои се тетовирале со спомени додека патувале по Пацификот.

Парис Хилтон е уметник сега

Пикасо, Матис, Дали и Хилтон, тие се.

Не е само „Јади помалку и движи се повеќе“

Една од новите владини стратегии во Велика Британија е советување на народот да слабее за да си помогне во борбата со коронавирус. Во многу неповолно време им кажуваат.

Мораше ли Џек да умре на крајот на Титаник?

Дебатата трае 20 години и време е еднаш засекогаш да се реши.

Најбогатите тинејџери на ТикТок последнава година собрале милиони долари

Здраво, како сте, како на работа? Напорничко? Ако, нешто мора да се работи. Патем, најгледаните тинејџери на ТикТок се веќе милионери. Ете, така.

Има нова книга што го предизвикува митот за „Парижанката“

Со децении се романтизира парижанката како гламурозна без напор, но авторката Линдзи Трамута во нејзината книга „Новата парижанка“ нишани на она што ѝ се чини штетно во тој мит.

Денешните врски имаат нови црвени линии

Во октомври 2015, пет истражувачи тргнуваат да откриваат кои се најчестите дил-брејкери во една врска. Нели, карактеристики, навики или недостатоци што ќе те натераат да речеш „не, фала“, на потенцијален партнер или „готово“ на сегашен. Прашувале студенти, миленијалци, бумери и сѐ што можеле да најдат, од 18 до 68.

Што е колоризам?

Има еден чекор пред расизмот кој без разлика дали си свесен за него или не, сепак те прави така малку гомно во поглед на другите луѓе, особено во поглед на оние со потемна кожа. На Американците можеби им треба едукација околу расизмот (замисли), ама ние можеме да поучиме малку и за варијантите.

Пет модни грешки што ве прават постари

Значи, не „стари“, туку постари од тоа што сте, или пак постари отколку што се чувствувате.

Не е сѐ во изгледот

И кога ова ќе ти го каже манекенка, седнуваш и слушаш.

Познати што не сме навикнати да ги гледаме млади

Има некои типови како Морган Фримен, Иан Меккелен и Џуди Денч што како да се родени на 60. Пола се непрепознатливи, некои се лепотани, а некои изгледаат баш како денес, само без брчки.

Се враќаат ‘70: Бела инспирација од модни икони

Се враќаат ‘70-те за пролет/лето и одеднаш пак ги бива оние комбинации што влегуваат во категорија хипи/шик. Дали е до безвременската убавина (делумно) покриена со белото, или е до фотографот или сме ние навикнати да им се воодушевуваме со генерации - не е важно. Важно е дека ако ви треба инспирација за по асфалт, или ете, во домашно туристичко место - тука ви е.

Еден ден во животот на јапонска домаќинка

Понекогаш е интересно да се ѕирне во култура што нема никакви допирни точки со нашата.

ТикТок добива реално ТВ-шоу

2020 е стварно година кога ТикТок едноставно ја презема власта над светот, каква корона, да не се лажеме. Не им беше доста само да редат најдобри песни за сите децении, или да го нервираат деноноќно Трамп - сега се шират до реалити-телевизија.

Мачките се покажаа како херои на карантинот

Ова е заклучок на едно истражување направено од страна на Ројал Канин, глобална компанија за производство на храна за миленици, а испитани се 2000 американски сопственици на мачки во врска со односот со нив за време на пандемијата.

Накит за поддршка на жртвите од експлозијата во Бејрут

Брендот Репоси креираше прстен со кој сака да им помогне на оштетените.

Зошто луѓето се толку смртно преплашени да ја критикуваат Бијонсе?

Прашањето го поставува Кеси Да Коста во Дејли Бист и со целиот свој текст, како да го отелотворува стравот баш од Бијонсе. Нема „Глупа ви е Бијонсе“, туку внимателно избрани реченици во кои (се) прашува зошто нема ниедна негативна критика за нејзиниот најнов албум, кои ако ги прочитате меѓу редови, вриштат со „Сакам парче да ја направам, ама ми е страв дека ќе ме начекаат во темна уличка.“

Монклер сака да личиме на футуристички самураи

Нема проблем, уште да се продаваа.

Матрикс е всушност транс метафора

Така и се толкува, на големо задоволство на режисерката, инаку транс-жена, тогаш Енди Вачовски, сега Лили Вачовски.