Монклер сака да личиме на футуристички самураи

Нема проблем, уште да се продаваа.

Монклер обезбедува игрална за некои од најиновативните дизајнери на денешницата, да можат да си ги покажат и најлудите идеи. Оваа можност Крег Грин комплетно ја сфаќа и ја искористува со најновата колекција.

Работи исклучиво со најлон и се фокусира на транспарентност, сигурност и заштита. А нели, што може повеќе да штити серија јакни што го покриваат целото тело и притоа личат на самурајски оклоп? Посветено се конструирани и личат на нешто излезено од Стар Ворс, во некој дел каде што владее облека за тешки временски услови.

Некои личат на носливи чамци за спасување, а други како кралски наметки за некое идно општество што го водат самураи, според Иан Сервантес од Инпут Магазин. Она што им е заедничко е што се скроз луди - и никогаш нема да добиете шанса да ги облечете.

Се делат на две категории: монохроматски парчиња, на чекор од бивање функционални, и провидни, неонски, во повеќе бои што не личат на нешто што може да се смета за прикладно.

Тие од втората категорија имаат најразлични врвки, стрелки и рачки - а во еден случај и страшни очи како собрани од крилја на пеперутка. Во споредба со нив, балони на топол воздух по небо се досадна работа.

Појасно станува кога ќе ги спариш со мембрановидни парчиња - инаку, ако ги постелеш на земја се класичен душек.

А што поточно може да се купи?

Тоа што Грин го работи за потрошувачи се релативно обични јакни и елеци.

Цените се движат од 430 долари за пар панталони, до 2400 за јакна. Ама, тоа е сумата што треба да се плати ако решиш дека Норт Фејс не ти врши работа.

10 август 2020 - 00:00