Матрикс е всушност транс метафора

Така и се толкува, на големо задоволство на режисерката, инаку транс-жена, тогаш Енди Вачовски, сега Лили Вачовски.

Лили Вачовски што го режираше Матрикс со сестра ѝ Лана (тогаш Лари) потврдува дека треба на нив да се гледа како алегорија на транс-наративот. Откако излезе филмот, и двете сестри објавија дека се транс - Лана во 2012, Лили во 2016 и некои фанови оттогаш идентификуваат наводни резонанци со искуството во филмовите. „Мило ми е што се прочуло дека тоа била оригиналната намера,“ изјавува Лили за Нетфликс Филм Клуб. „Светот тогаш не беше спремен за тоа. Корпоративниот свет не беше спремен за тоа.“

„Воодушевена сум што тие филмови им се толку значајни на трансродови лица,“ продолжува, „особено кога ќе ми пријдат и ќе ми кажат дека филмовите им го спасиле животот.“

Теориите се вртат околу тоа дека непријатноста што Нео ја чувствува, опишана како „трн во умот“ - претставува еден тип на родова дисфорија. Според тоа, црвената таблета што ја зема за да ја види реалноста, може да се смета за хормонска таблета.

Вачовски кажа дека е скептична за директноста на таквите толкувања:

„Не знам колку тоа што сум транс ми беше присутно додека го пишувавме филмот.“ Но, вели и дека нејзиниот идентитет и идентитетот на сестра значеле дека спремно ги прифатиле сите родови и биле желни да истражуваат како навидум невозможното станува возможно.

„Мислам дека тоа нѐ ослободи како креатори на филм бидејќи можевме да замислиме работи што во тоа време баш и не се гледаа на платно.“

Открива и дека планирале лик да биде родово-флуиден, односно, да биде маж во привидната реалност, а жена во Матрицата.

„Матрикс… е за желбата за трансформација, но доаѓаше од ограничена гледна точка,“ вели Вачовски.

Почна и снимање на трет дел во март и набрзо се затвори заради Ковид. Ќе се враќаат Кијану Ривс, Кери Ен Мос и Џејда Пинкет Смит, а филмот ќе излегува наредната година.

10 август 2020 - 00:00