Истражувањето открива дека над 57% од мачкарите се чувствувале помалку осамени за време на карантин, а речиси 49% рекле дека нивните миленици им помогнале да го намалат нивото на анксиозност во претходните неколку месеци.
Сопствениците на мачки плус се зближуваат со нив - седејќи дома, откриваат нови места каде што мачето сака да седи, или повнимателно забележуваат дека има нова омилена храна или омилена играчка.
Благодарение на поголемото поминато време дома со мачиња, луѓето се чувствувале поопуштено, и огромен процент се почувствувале охрабрени да вдомат уште миленици. Дури 61% од испитаниците вдомиле животно од почетокот на пандемијата.
Ова не го забележува само Ројал Канин - бројни шелтери за прв пат ги празнат сите кафези поради напливот на љубители на животни кои побарале животинче за друштво за време на карантинот, со можност истовремено да му помогнат и да му дадат дом.