Интересно им било и на 4 милиони луѓе, колку што успеале и да видат како живее просечно јапонско семејство, каде што таткото работи, а мајката се грижи за тодлер.
Во Јапонија е нормално децата од претшколска возраст да спијат во креветот на родителите, и нормално е да се готви супа за појадок.
Меѓу уникатните детали на нивниот живот е што, и покрај тоа што имаат само две спални соби, во едната имаат и мини-храм што го почитуваат секое сабајле со сите мини-салтанати.
Меѓу неочекуваните работи за појадок - јадат ферментирани зрна од соја. Вие сте појадувале ферментирани зрна од соја?
Не.
А малото јаде само и учи манири на маса, дури има и бебешки стапчиња за јадење.
Ни со тие нема да знаеме да јадеме.
Другото е слично - мајката и ќерката главно го поминуваат денот во станот, или излегуваат во парк, плус се вадат со давање на постар телефон за детето да гледа цртани додека јаде.