Најновиот визуелен албум на Бијонсе - Black is King, излезе на Дизни+ и во деновите потоа, се фатив како барам критички настроени есеи на таа тема. Толку голем проект од толку обожаван уметник сигурно ќе донесе коментари - и ригорозни и меки.
Не беше изненадување што црнкињи-критичарки се појавија со најдобри осврти за делото, на пример Лорен Мишел Џексон за Њујоркер и Анџелика Бастиен за Вулчр; и главно имаа фини работи за кажување, но и негативни коментари. За Есенс, Џудикел Иракоз предупреди за ревизионистичката монархистичка порака на Black is King, притоа квалификувајќи ги своите критики со општа љубов за Бијонсе и сѐ што таа претставува (Иракоз сепак го изеде на Твитер од фановите). Рејчел Кадзи Ганса имаше и голем критички профил на Бихајв-от (фановите што се нарекуваат Пчеларник на Бијонсе) и за самата Бијонсе во 2014 и ја предизвика очекуваната реакција. И пред неколку дена, раперот Нонејм го раскинаа фанови што расправал дека Black is King нуди визија на африканскиот континент „завиена во капитализам“.
Но, она што фали во светот на дигиталното издаваштво се гласни, презриви, безобразни гласови, какви што всушност и ме инспирираа да станам критичар. Што и да мислев јас за Black is King, барав проширување, предизвик, проблем. Но, во сред селебрити-култура во која пристапот се чува и контролира од ѕвездите и нивните тимови, критичарите се соочуваат со голема дилема кога се работи за изразувањето: Не се самоцензурирај, но коментирај бестрашно од маргините и изложи ги твоите мисли - колку и да се одмерени - на бесот на разулавените фанови; или повлечи се - па криј го минималното критикување зад штедро фалење - и надевај се дека ѕвездите еден ден ќе ти дозволат ексклузивно интервју или лукративна соработка.
Стегите на капитализмот - а не спектарот на кансел-културата - се вистинската закана на новинарската слобода на говор. Ги нема веќе тие денови кога сѐ што одеше во печат беше квалитетно, а богатите и славните ги пречекуваа своите непријатели пред портите на нивните огромни куќи. Сега плаќаме за преминатите граници на минатото со сикофантијата на сегашноста. А ѕвездите собираат ПР тимови (често поранешни новинари) за да ги споделат нивните приказни со јавноста. Но, дури и кога пристапот не е потреба, писателите се наоѓаат во ситуација да избегнуваат строга критика на општо сакани славни личности, наместо да ризикуваат напад од фанови и немање комуникација со портпароли.
Ова е истовремено и американска работа. Покојниот австралиски критичар Клајв Џејмс, на тема осврт на книги во Америка, има напишано дека
„Америка ја бива за љубезни книжевни осврти. А како: Има еден нов Лајонел Трилинг на секој кампус. Но Америка не е способна да гризе како во британските книжевни осврти и критики.“
Всушност, Америка воопшто не ни гризе како Британија, точка. Нешто од таа љубезност е фер - подобро е да се избегнува лошото и опскурното, освен ако не е апла така. Се разбира, културолошки џинови како Бијонсе, Тејлор Свифт, Лана Дел Реј и Ники Минаж секако ќе останат богати и славни, без разлика што ќе се каже за нив и нивните дела. Сепак, славните личности се луѓе кои живеат во свет полн со предрасуди и добро е и фер е од нивна страна да ги предизвикуваат своите предизвикувачи. Порано имаше легитимен отпор кон (главно машки) критичари што судеа на женски дела построго и поскептично, истовремено засилувајќи ја митологијата на машката генијалност.
Значи, што штитат ѕвездите и фановите? Можеби е преочигледно: пари и пристап до нив. Во земја што сѐ повеќе се дефинира по екстремна нееднаквост во приходи, да си конвенционално успешен во опасна индустрија како музичката (и за филм и телевизија важи) може да ти зависи од збирање богатство и останување во милост на јавноста. Подобро е ништожните писатели да молат за интервју што може да ти го уништи кредибилитетот, подобро да го свртиш другиот образ, додека твоите следачи му се сукаат на критичар кој ја доведува во прашање целокупната твоја естетика, на која ти и твојот тим толку напорно сте работеле.
Но, сепак, можеби се работи за чувства. Деновиве дуелот е редок спорт. Ако дури и спектакуларно богатите се безнадежно нежни, каква надеж имаме за зачувување на таа здрава доза гризење во печат?
Често, она што вреди да се критикува не е најдоброто или најлошото што постои, туку се состои од моменти на брилијантност и неуспех. Ако упорно ги уверуваме нашите најпопуларни уметници дека само успешното им се важи, тогаш сѐ што ќе можеме да видиме во иднина е блиц.