Чаки го дотераа во „Суприм“

Есента доаѓа за месец дена, ако ви се верува, а ако сметаме според навиката „прв ден во школо“, ене ја за помалку од две недели. Модните куќи вадат нови колекции, а меѓу нив, Supreme повторно (позитивно) изводи.

Имале флипери, цигли, чекани и брендирани Орео колачиња порано, а сега нудат аквариум, софа на извлекување и ограничена едиција на Ролекс.

Ако ова не ви е доволно чудно, тогаш да поразговараме за брендираната Колгејт паста, црвениот кармин во соработка со Пат Мекграт (а тука можете да се потсетите што значи кармин од Пат Мекграт), и на крај, како најбизарно - брендирана Чаки кукла, како Чаки од „Детска игра“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Supreme Leaks News | SLN (@supreme_leaks_news) on

Облечен е како мало сељаче со комбинезон Supreme и брендиран нож (ко исто така се продава во оваа колекција), а на кутијата пишува дека „сака ТИ да му бидеш најдобро другарче“.

Би го купиле? Отсекогаш бил страшен, ама па ние колективно можеме да се пофалиме со преживеана повеќе од половина 2020-та па - што има врска.

Омилено од колекцијата?

Па, тоа е лесно:

...евентуално ова:

Сајтот е тука.

19 август 2020 - 00:09