Кога двете експлозии, од кои втората беше покатастрофална од првата му се случија на Бејрут во вторникот, загинаа најмалку 137 луѓе, а повеќе од 3000 беа повредени. Експлозијата се почувствувала дури до Кипар, плус, ја видовте ли онаа несреќна невеста што мислеше дека е тоа најдобриот ден од нејзиниот живот?
Во обид да помогне, италијанскиот бренд Репоси пушта прстен, а средствата од продажбата во целост ќе одат во либанскиот Црвен крст, кој го водат доброволци.
Заинтересираните кои купувањето можат да го сметаат за донација, можат однапред да нарачаат на мејлот на Репоси, а донацијата ќе им биде 3250 долари, што го прави прстенот на добрата волја еден од поевтините на овој бренд.