Објаснувањето се разложува во сериозен медиум како Гардијан. Колумнистот Лук Холанд сериозно се прашува, дали мораше Џек да умре на крајот на „Титаник“ за Роуз да се спаси? Или Роуз е едно чудовиште фатено за вратата ко пијан за плот?
Во 2013, дури и Митбастерс пробаа да најдат одговор и заклучокот беше дека да, Роуз можеше малку да направи место, ама само ако му го дадеше појасот за спасување за да го стави под вратата. Митот беше разбиен, така што, решено?
Не баш.
Ако не ви е јасно зошто воопшто читате, нека ви текне дека некој познавал физика на академско ниво и со ова се мавтал.
Значи:
Без разлика што ќе им се нишаше вратата ако беа двајцата заедно на неа со појасот под нив, прво - „вратата“ воопшто не беше врата, туку дел од дабова рамка за врата. Доволно е голема за две тела со висината на Роуз (169 цм) и Џек (183 цм), плус просечен обем на гради кај машко - 39,6 и кај женско - 36,7; вратата според една професионална проверка е 183цм-91цм, што значи дека простор имало и повеќе отколку што треба. Она што не го предвиделе тука е мерката моќ за оддржување на површина.
Парче даб со таа големина и дебелина тежи 1920 њутни. Не ги мрзело да проверат дека - Леонардо Ди Каприо тежи 715 њутни, а Кејт Винслет 549. Заедно тежат 3184 њутни, па така Џек, Роуз и парчето дабова рамка за врата би добиле тежина совршена за тонење.
Останува теоријата за појасот за спасување. Што ако Роуз се откажеше од него? Во толку ладна вода (-2,2 целзиус) Џек би требало да е без свест за само 15 минути, а веќе беше доволно долго во вода пред да би им текнало да местат појас под врата. Што е уште поважно, дури и современите појаси имаат моќ за оддржување на вода од 275 њутни, што значи дека сѐ уште имаме проблем со екстра 419. Со други зборови, конечно да го решиме прашањево -
Ќе потонеа.
Ете, сега имате научно објаснување за трагичниот крај на филмот. Којзнае, некогаш, при затварање на кафана кога најмногу ви се прави муабет, може ќе ви се најде информацијата.