Комплицираната модна историја на тетоважите

Тетоважите воопшто не се нови - генезата може да им се следи дури до 5000 п.н.е од кога датираат јапонски фигури со цртежи на нив што личат на тетоважи. Оттогаш, се наоѓаат насекаде низ светот, од мумии, до европски морнари кои се тетовирале со спомени додека патувале по Пацификот.

Историски гледано, начинот на кој се гледа на тетовирани тела е динамичен од географска и социоекономска гледна точка, а општествените вредности кои постојано се менуваат диктираат дали тетоважите се симбол на индивидуалност, ранг, срам или чинови за дистинкција кои се носат со гордост. Иако сеприсутни низ историјата, во модниот мејнстрим влегуваат многу скоро.

Долги децении, супермоделите кои шетаа по најважните писти во Лондон, Париз, Њујорк и Милано беа како празни листови, беспрекорни и необележани. Тетоважите немаа што да бараат во модниот свет, додека Исеи Мијаки не ја презентираше неговата есен/зима колекција во Њујорк во 1971, преку славење на младата култура, рокенролот и современото уметништво - тетоважата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ISSEY MIYAKE ARCHIVE (@miyake.archive) on

Мијаки кој бил сведок на анти-авторитарните студентски протести во 1968, бил познат по тоа што не го интересирало мешање со горните ешалони на општеството. Наместо тоа, визијата му се вртела околу инклузивност, користење на субверзивни слики и доближување на високата мода до сечиј џеб, не само до неколкумина среќници. Тетоважите кои во Јапонија се легализирани дури во 1948 сѐ уште имаат негативна асоцијација со Јакуза во многу делови од земјата до денес. Со тоа што оваа субверзивна пракса ја направил централна точка на неговата колекција, Мијаки ја десанитизира пистата и поплочува пат за еден значаен дискурс за спојувањето на политиката и модата. По него, од тетоважи се инспирираат сѐ повеќе дизајнери.

Американскиот бренд Вон Дач се врати на мапа во раните 2000-ти кога навлезе во бајкерската култура и ги појави карактеристичните камионџиски капчиња и божем избледени маици со логото кое го носеа релевантни во тоа време: Од Бритни Спирс и Гвен Стефани, до Фред Дурст.

Вон Дач и нему сличните со тек на време отпаднаа, но не без да означат еден јасен тренд: уметноста на цртање по телото одеднаш стана синоним со пристап и индивидуалност. Тука тетоважите престануваат да бидат за одметници, и стануваат начин за бунтовно себеизразување.

Сепак, долго време ги нема на насловни страници, или почнуваат полека, со едвај видлива тетоважа на нечие тело, додека не дојде озлогласениот мартовски број на американскиот Вог во 2019, со Џастин и Хејли Бибер каде што конечно како да се призна изразот со големи тетоважи и нивното влегување во модниот мејнстрим. Британскиот Вог пак, во мај оваа година на насловна ја стави Ријана и испиша историја - не само што има цртана површинска тетоважа на лице, туку и прв пат се прикажа жена со дураг на насловна на оваа едиција на списанието.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by British Vogue (@britishvogue) on

Интересно е што некои нови статистики покажуваат дека не се фали најмладата популација со најголем број на тетоважи - највеќе ги имаат категорија 30 до 49 години. И сега, ако побарате преку хаштаг, станува очигледно колку се популарни во денешно време.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by djarii (@djari328) on

Истово го мислат и магнати како Фенти Бјути и Никс - нудат широк дијапазон на многу пигментирана боја за тело во многу бои и нијанси, па ширум социјалните мрежи, луѓето се инспирираат да експериментираат со нив. Меѓу нив и такви што добиваат неверојатна популарност - Софија Вајт, шминкерка, има собрано милиони фанови само со прикажување на сопствената љубов кон привремено боење на телото. Ова станува сѐ попопуларно во мејкап-индустријата и голем дел од тој успех се должи на креативното изразување.

19 август 2020 - 00:00