Не е само „Јади помалку и движи се повеќе“

Една од новите владини стратегии во Велика Британија е советување на народот да слабее за да си помогне во борбата со коронавирус. Во многу неповолно време им кажуваат.

Гојазноста ги става луѓето во ризична група за Ковид19, а неповолно време е да им се каже тоа на луѓето што влегуваат во овие категории затоа што движењето за боди-позитивити е во зенит, па се бунат: Влогерките Кали Торп и Лорен Талула Смитс сметаат дека ваквата стратегија не успева да ја реши и улогата што менталното здравје може да ја има во навиките за јадење. Прашуваат, „Да беше толку лесно, движи се и внимавај на исхрана, зарем немаше сите да изгледаме исто?“

Повторно се наметнува вечната дилема: активизам или промовирање гојазност?

Во секој случај, иницијативата за подобра грижа и помош за предизвици со ментално здравје е за поздрав.

18 август 2020 - 00:21