Не е сѐ во изгледот

И кога ова ќе ти го каже манекенка, седнуваш и слушаш.

Камерон Расел е манекенка со стаж - почнува уште од тинејџерските години и гради баш блескава кариера, додека не се свести дека од сето тоа што искуството ја научило, може да се извлече поука и да се раскаже по луѓе.

Поентата на нејзиното излагање, не само што ја доловува на крај - ја доловува во првите 2-3 минути од настапот. Знае какви реакции (и предрасуди) може да предизвика со изгледот, па од тесен фустан што прави да изгледа како симната од писта од ‘90-ти се префрла на нешто „нафрлено“ - колку да ни докаже дека ете, сега различно ја гледаме. Свесна е дека е привилегирана, и сака луѓето да сфатат дека работите што ги добива во животот и кариерата што ја направила се должат прво на генетски џекпот (за кој не е заслужна) и на детално осмислена естетика - за која се најмени тимови од професионалци за шминка, фризура, дигитална модификација на фотографии, тренери, организатори и сѐ познато и непознато.

А реалноста е дека таа е стандардно убав, но сепак обичен човек.

Кога ќе ја прашаат „Како и јас да станам манекенка?“ им вика „А зошто? Има толку многу други работи што може да се биде во животот.“

Фино за слушање и има титл:

13 август 2020 - 00:25