Има и видео-објаснување, но да сумираме:
1. Кога носите сѐ широко.
Не дека не е во ред, не дека Били Ајлиш не прави така (само што она е кое - деветто одделение, па може?), туку едноставно - се добива друга слика за вас. Можеби во моментот не ви е удобно во телото, но сигурно има барем еден дел од него што ќе пројде, зошто да не ја изградите комбинацијата околу него?
2. Монохроматска облека.
Цела во црно. Цела во беж. Да не се разбереме погрешно, црно е одлично, само што, сѐ црно прави да изгледате малку исплакнато и уморно. Грешката што ја правиме е што не додаваме барем малку боја. Каиш, марама, менѓуши, ракавици, шминка... Бирајте, и не мора да се откажете од цела во црно.
3. Крој и пропорции што сте ги носеле одамна.
Ако не ви одговара кројот или инсистирате на некои стари мерки, тоа ќе ве издаде дека сте постари. Не се работи за тоа да внимавате што носите, па „да ви одговара на возраста“ (види тука); она што се важи е облеката да ви одговара на телото, да ви биде точна.
4. Премногу накит.
Овде треба да се раководите според оние неколку варијации на тема „не претерувај“ - помалку значи повеќе, квалитет пред квантитет, и на Коко Шанел филозофијата за накит токму колку што треба - пред да излезеш, тргни едно парче од себе.
5. Градник што не ви е точен.
Се гледа на неколку начини: Или градите ви течат од корпи, или е премногу тесен, па грбот ви тече од страна, или прерамките стегаат, па гњурат во раменици. Ниедно не го бива. Купете си градник што ви одговара на моменталната состојба на телото.
Подетално: