Што е колоризам?

Има еден чекор пред расизмот кој без разлика дали си свесен за него или не, сепак те прави така малку гомно во поглед на другите луѓе, особено во поглед на оние со потемна кожа. На Американците можеби им треба едукација околу расизмот (замисли), ама ние можеме да поучиме малку и за варијантите.

Имаш едноставни (глупи) луѓе - нејќе црнци и точка.

Ама имаш и такви што проблемот го носат на едно друго ниво, на кое црнците со потемна кожа секогаш ќе бидат во втор план во однос на црнците со посветла кожа.

T1J тоа го забележува уште во основно школо, како машко дете опседнато со женски, па и успехот го мери во нив - децата со посветла кожа ги имаат повеќе, и позгодни. Луѓето можат да бидат дискриминирани поради тонот на кожата, без разлика што се од иста раса, а често таа дискриминација доаѓа и од самите припадници на таа раса.

Гледате ли како ние луѓето најглупо на свет можеме да ги закомплицираме работите?

И не е само до начинот на кои ги доживуваме луѓето со потемна кожа, туку и општеството си реди поразителни статистики: разлика во плати, разлика во број на години затвор при судења, почести микроагресии кај посветлите…

А ова е и историски издржано од многу проста причина: Богатите имале повеќе можности да седат во затворени простории, наспроти сиромашните кои биле принудени да работат на отворено многу често. Да не забораваме и шминките и пудрите кои без осет ги плескале богаташи на лице што дополнително придонело кон општата асоцијација на светло со - добро.

Среќа па, T1J е скроз задоволен од сопствениот изглед - и треба:

14 август 2020 - 00:00