Помош, пак е модерно шатирање со дебели прамени

Која година сме?

Се враќаат ’90-те и 2000-те на голема врата: прво „матурска“ коса, па француски маникир, за тангата што се гледа од фармерки ич да не почнуваме, ама, нели бе дебелите шатирани прамени беа ѓаволот, бе, фризери? Нели „ќути срамота, сокриј ја сликата“?

Како да го сфатиме сега ова?

Еве, Иванка Трамп се пофали, се пофали Џенифер Лопез, и полека цел Инстаграм се заразува, со еднаков залет како за сивото омбре.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Jlo spice 🌶 - couldn’t fit the full buns in lol - swipe to c the full look. #dreamcoat

A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) on

Фризерот на славни Гај Тенг е огромен фан на старо-новиот тренд, а има и филозофија - прамените да се поблиску до лицето, за да го врамат, поточно да бидат на место каде што и онака сонцето би ги осветлило. Предлага само една или две нијанси посветло од твојата коса за сепак да биде модерно, а не заостанато.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

on set today with my fav tiktok queen 👑 @brittanyxavier 🖤 #justinemarjanhair @carlyy.fisher

A post shared by justine marjan (@justinemarjan) on

За разлика од она што го имавме во 2000, кога се пеглаа за да стојат мирно, овие новиве сепак се заразени со денешната естетика - ги личи на секаква фризура, и особено ги препорачуваат за локни или бранови, со препорака да оставиш корен за да изгледа поприродно.

Уште топуците останаа невратени во мода, ама никогаш не е касно.

А вака може?

11 август 2020 - 00:16