Емили Ратајковски се отвори за предатори

Во статија за TheCut, како што пренесува Диет Прада, Емили Ратајковски се отвора околу враќањето на нејзиниот имиџ во сопствени раце, во индустрија каде што доминираат мажи фотографи.

Кога колешката те тера да раѓаш

Магазинот ТheCut има рубрика со наслов Ask a Boss. Класика-„Драга Савета“, со тоа што темата е проблеми на работно место, а ти одговара лик што е на шефовска позиција. И неверојатно е какви проблеми стигаат таму, и како сељакот останува сељак на сите континенти

Следната ревија на Бурбери ќе биде во живо на Твич

2020 го принудува светот одново да мери многу работи што досега ги земал здраво за готово. Работење од дома, (не)гушкање пријатели и, меѓу другото - модни ревии.

Брижит Бардо за Мерилин Монро

Има нешто значајно во тоа една икона да се воодушевува на друга. Те потсеќа дека не важи секогаш „жена на жена ѝ е жена“ и дека некои работи во светот остануваат - убави.

Елизабет Тејлор се шминка

Ваков туторијал не сме имале.

Неочекуваната контраиндикација на новото нормално: Сега сите лажат

Три лаги што ги кажувам периодов: Дека не сум излегла од дома (сум); Дека секаде носам маска (не е точно); „Дека сум среќна што имам привилегија да седам дома (понекогаш сум мизерна).

Неподносливата глупост на машкото „извини“

Секоја чест на исклучоците, ама веројатно ќе се согласите дека не секој човек знае да се извини. А ако е човекот од машки пол, некако уште понезгодно станува.

Ако жените пишуваа за мажи како што мажите пишуваат за жени

Го знаете оној момент кога дотрчуваат во лелеави фустани, како облечени само за очите на главниот (машки) лик, кој патем е и алтер-его на авторот, па пропратно и секоја жена што ќе помине „гази како нежна срна, чии гради потскокнуваат со секое движење на колковите“? Е па, тоа, ама обратно.

Зошто луѓето се откажуваат од социјални мрежи?

И што е поважно, дали вие би се откажале? Зошто да? Зошто не? Луѓево што ги прашува Бибиси имаат многу добри причини за откажување.

Редно беше: Завршува „Живи мртовци“

Пред да почнеме, да се разбереме: Серијата почна одлично, врвно, крајно возбудливо. До денес е претворена во зомби без нозе што се влече по тебе и пружа раце и се мислиш дали да потрошиш куршум, па си викаш, ај со нож.

Каква е таа маска од 1000 долари?

Кога дизајнерката Гвендолин Буркин прв пат ставила обична, црна маска помислила дека изгледа „злобно“. Решение? Ќе си направи маска од 1000 долари, па додека има овци…

Лажните лица и маркетинг на Инстаграм

Џејмс Велш има дипломирано фотографија, а за време на студиите особено му било интересно да навлегува во портрет и рекламни фотографии каде што се манипулира со изгледот на лицето/производот. Сега е инфлуенсер и си прави серија на Јутјуб за реалноста наспроти Инстаграм. 

Неколку многу валидни прашања за патување во време на Ковид

Што е безбедно, што не и како најпаметно да се патува, ако веќе е неизбежно, според специјалисти за инфективни болести.

Спремни за плачење? Нема да има веќе „Во чекор со Кардашијан“

Хех. Да се нашалиме. Бидејќи никој нема да исече вени што Ким Кардашијан објави дека во мај е последната сезона на нивното реално шоу. Тоа не ги спречува медиумите да се расфрлаат со изразот „крај на една ера“, и најверојатно се и во право.

Миленијалците не се во никаква сексуална рецесија

Напротив, тврдат дека без разлика што трескаат медиумите, не се осамени кариеристи зависни од порно, пресебични за да влезат во врска. Според врвни експерти, а и според самите миленијалци, се работи за најекспериментирачки настроена, просветлена и сексуално исполнета генерација досега.

Која е тајната на црвениот ѓон?

Видеото се отвора со изјавата дека црвеното е статусен симбол и дека штом ќе го видиш - ти предизвикува одредена емоција. Точно е тоа.

Глуп ви е Возот на гордоста

LGBT се претвори во LGBTQQIP2SA и станува малку глупо. За магазинот Спајкд, комичарот Ендру Дојл пишува колумна каде што јавно предупредува дека со буквите и борбата се претера, во превод - еднаквост е супер, ама кај тргнавте со поеднаквоста? И не се работи за тоа дека ЛГБТитн сакаат да бидат поеднакви од стрејт популацијата, туку дека буквите почнаа да се натпаметуваат меѓу себе. И има кој да го искористи тоа.

Има дури осум работи што ве прават попривлечни за другите луѓе

Да се научат, па да се култивираат, па да се искористат.

Кој сака Прада-Суперстар за 525 долари?

Затоа што, нема тука што да не се сака.

Сепак е битно што носите кога работите од дома

Се знае што се облекува за Зум состанок - горе пристојно, доле - па, гледај да не стануваш додека работи камерата. Зошто да се мачиш да се дотеруваш (или да се облекуваш, воопшто) ако немаш намера да одиш некаде?

Сѐ што треба да знаете за ретинол

Дерматолозите и експертите за кожа велат дека е суштинска состојка за создавање на креми и серуми затоа што нуди секакви придобивки од одзатнување на пори, до мазнење брчки. Највистинска анти-ејџ состојка што можете да ја добиете без рецепт.

Отворање и затворање на порите е мит голем колку врата

Можете да го држите лицето под пареа, да го прскате со мраз-ладна вода или да го покривате со топли облоги, ама порите нема ни да се отворат ни да се затворат. Никогаш. Зошто тогаш постои овој мит?

Лореал се надева на исклучиво еколошки пакувања до 2025

Индустријата за убавина многу зависи од пластика, и ова отсекогаш претставувало еколошки предизвик. До скоро, многу малку лидери во индустријата имаа обиди да се промени ова, но еколошката закана на пластиката повеќе не дозволува да се игнорира.