Москино ја претстави новата колекција со кукли

Џереми Скот смислил традиционална ревија. Со тоа што, манекенките се кукли, а облеката е минијатурна верзија на оригиналот

Реновирање на мал простор

Мала куќа во Ванкувер ја наоѓаат во жална состојба, но бидејќи им се допаѓа квадратурата, дворот и маалото, ја купуваат и ја претвораат во дом. Плус им е што работат уредување ентериери и знаат точно што треба да прават.

Мода „од струк нагоре“ за на Зум

Модните куќи почнаа да дизајнираат за она што се фаќа на камера додека си на онлајн состанок.

Видете ја WASP Mom на ТикТок

Досега веројатно и најголемите противници на ТикТок имаат ѕирнато по нешто на апликацијата, и без разлика што на сите им е веќе преку глава од вирални танцувања, мора да се признае дека можат да се најдат талентирани креативци што решиле баш на таа платформа да нѐ забавуваат со тоа што знаат да го прават.

Холивудски ликови што уште не се даваат

Замисли да имаш глумено кај Хичкок, или во Sound of Music, или да си служел во Втора светска војна, да си преживеал време кога Америка ставала филмски работници на црна листа под сомнеж дека се комунисти, или да си прва жена со креативна контрола на серија - и уште да си жив.

Како да надминеш креативна блокада, со Дејвид Линч

Интернетот е полн со совети за справување со креативни блокови. И ниеден од тие што советуваат не е Дејвид Линч, освен - Дејвид Линч.

Да не бидеме идиоти со разведени луѓе

За многумина, разводот значи слобода - уште една шанса да живееш како што сакаш. За жал, за многу голем дел од луѓето е и исклучително болна работа. И ако сакаш да бидеш добар пријател на човек што е тазе разведен, ќе треба внимателно да бираш зборови затоа што и најдобронамерните коментари знаат да заболат. И најужасното нешто што можеш да го кажеш „И онака никогаш не ми се допаѓал/а како за тебе.“

Може ли да ја оставиме Елен на раат?

Елен Деџенерис би сакала да знаете дека ѝ е навистина жал за сите начини на кој си го повредила брендот. Осумнаесеттата сезона ја почна со монолог каде што обрнува внимание на многуте озборувања за наводната токсична работна атмосфера и се извинува на луѓето на кои тоа им влијаело.

Софија Лорен се враќа на филм

После пауза од 11 години, со своите 86, Софија Лорен ќе глуми жена која го преживеала Холокаустот и се спријателува со сираче, во Нетфликс филм со наслов „Животот пред нас“, во режија на нејзиниот син Едоардо Понти.

Жулиет Греко - Каков живот!

На 93-годишна возраст, на 23 септември почина музата на боемскиот, повоен Париз, оставајќи зад себе живот како смислен и напишан од романтични франкофили.

И од шминка се умирало

Суетата знаела да биде смртоносна. Прераната смрт се случувала од многу причини пред напредокот на модерната медицина. Најнепотребниот од сите виновници за тоа е шминката.

Ноел Галагер, Мајли Сајрус и сексуализирање жени

Според Галагер, Америка е виновна за сексуализирањето на жените воопшто и ако размисли човек, со оглед на тоа колкаво влијание има врз целиот западен свет - може и не е далеку од вистината.

А ќе си речеш, барем децава знаат да гуглаат

Во несвесен акт на совршено означување на ова блесаво време во кое живееме, припадниците на Генерација З (родени од 1996 do 2010) тетовираат едно Z, божем како симбол на нивната генерација. Само што, премлади се да им текне дека потсетува на еден симбол под кој се уништија цели други генерации.

Баш и не мора да ја држите „Ф-Фактор“ диетата

Таков инфлуенсерски скандал се врти околу Ф-фактор, што најарно ќе ви биде уште еднаш да се чуете со комшиката што се колне во хроно и да се потсетите како беше.

Се продава најтесниот дом во Лондон

Ако некогаш ви паднало на памет специфична желба како „сакам да живеам во тесно“, плус ви се наоѓаат 1,3 милиони долари, имате шанса да си ја остварите во Лондон.

Како минимализмот заштедува пари

Овде нема да зборуваме за фрлање сѐ од дома и живеење со една дрвена чинија, душек на земја и еден пар крокс. Напротив, не се откажувајте од основни потреби, фини детали и ситни, па и крупни задоволства. Ама баш дека мора маникир - не мора.

Три паузи што ви се потребни секој ден

Време не можеме да измислиме и да додадеме, ама енергијата е друг муабет. Сте се запрашале зошто ви треба двојно повеќе време да сработите нешто во 2 попладне, отколку во 10 сабајле? Не сте поглупи - нивото на енергија ви се менува во текот на работниот ден.

Како да откриеш паметен човек за 3 минути

Има една комбинација од 2 прашања што наводно може да го издаде најпаметниот во собата дека е најпаметен (а може да имаш и неколку такви), и сега ќе ја разгледаме.

Како до нирвана, со Карди Би

Понекогаш, бараме утеха и насока во мудри мисли на големи умови што живееле векови пред нас. Понекогаш ни се современици и се обидуваме да го живееме животот по нивните филозофии, сѐ во еден обид да доживееме некаков мир и среќа.

Баталете списочиња со обврски, запишување завршени работи му е мајката

Навикнати сме да правиме списоци на сѐ што треба да се заврши во текот на еден ден, месец или година. Неретко од таму произлегува и доза на анксиозност и чувство на неуспех. И како лек за ова, сте помислиле ли да правите списоци на исполнети задачи и достигнувања? Хана Џејн Паркинсон од Гардијан мисли дека треба.

Гвинет Палтроу предлага да се подмладувате со токсин

Ќе влегува во партнерство со бренд за инекции против брчки што се вика Ксеомин - токсин што е производ на бактерии што се наоѓаат во ботулизам - како да не ѝ е репутацијата парче заради сомнителните бизнис идеи.

Како мислиш, „Запалете ги книгите на Џ. К. Роулинг“?

Досега требаше да им помине, ама изгледа не им поминува затоа што Роулинг упорно не се дава и не им попушта. А се навикнаа веќе само што ќе писнат, некој да изгуби кариера засекогаш. Овде не им оди. Па настапуваат некакви си „Џедвард“ на сцена. Што е тоа Џедвард? Тоа е дуо, некакви браќа музички, што ако ги пребарате на Гугл, ќе ви се крене косата скоро па колку што им е нив (своеволно, намерно, со цел памет) крената.

Мадона ќе режира био-филм за Мадона

„Кој подобро би го раскажал тоа од мене?“

Славните планираат „замрзнување“ на Инстаграм - никој не е импресиониран

Ким Кардашијан Вест, Кети Пери и Марк Рафало изјавија дека ќе протестираат против Фејсбук со замрзнување на нивните Инстаграм профили во среда (Инстаграм е под Фејсбук, па затоа).