Ноел Галагер, Мајли Сајрус и сексуализирање жени

Според Галагер, Америка е виновна за сексуализирањето на жените воопшто и ако размисли човек, со оглед на тоа колкаво влијание има врз целиот западен свет - може и не е далеку од вистината.

На тема настапот на Мајли Сајрус на ВМА минатиот месец, каде што Мајли се нишаше на голема диско топка (се разбира), Ноел Галагер ја нарече „ужасно жениште“.

Во колумна на Дејли Стар вели,

„Тоа ужасно жениште Мајли Сајрус беше на телевизија. Правеше некое глупо срање и дури и мојот деветгодишен син праша ‘Зошто камерманот ја снима само во нозете?‘“

„Жените се сексуализирани заради Америка. Британската култура никогаш не би сексуализирала женско (на Монти Пајтон имаше и скеч за тоа, за жал). Сѐ тоа доаѓа од Америка - таа малоумна, претерано машка, глупа, ебена култура.“

Коментаров доаѓа во ист период кога Сајрус се жали на сексизам на еден режисер во однос на нејзините барања за посебно осветлување на настанот.

„Рекоа, добро ај, ќе направиме исто како со машките, затоа што јас така сакав,“ му објасни на Џо Роган во неговиот подкаст. „И после правев нешто и алките на рацете постојано ми пречеа, па ми рекоа, сакаш да те третираме како машко? Немаше да се мавтаме со ова да беше машко.“

Настапот, Мајли ко Мајли:

Подкастот е тука.

23 септември 2020 - 01:42