Софија Лорен се враќа на филм

После пауза од 11 години, со своите 86, Софија Лорен ќе глуми жена која го преживеала Холокаустот и се спријателува со сираче, во Нетфликс филм со наслов „Животот пред нас“, во режија на нејзиниот син Едоардо Понти.

Во филмот ќе ја игра Мадам Роса, Еврејка со преживеан холокауст која помага да се израснат децата на починати сексуални работнички со кои и самата своевремено мерела улици. Во еден момент се спријателува со Момо, 12-годишно сенегалско сираче што се обидува да ѝ ги украде свеќниците.

Ова ќе биде втора филмска адаптација на истоимениот роман на Роман Гари, после 1977 - имаше филм со истиот наслов, а во главната улога беше Симон Сињорет.

Премиерата ќе биде во октомври, во Рим и месец дена подоцна ќе се појави на Нетфликс. Дедлајн известува дека се спрема и сериозна кампања за Оскар.

Лорен инаку има снимено два Оскари - во 1961 за „Две жени“ и еден почесен, за „кариера богата со впечатливи изведби која придонела кон филмската уметност“.

Вели дека веднаш се согласила да го игра ликот кој ја потсетувал на нејзината мајка, а досега два пати има работено со син ѝ.

Едоардо Понти има 46 и е второ дете на Софија со режисерот Карло Понти со кој беше во брак од 1966 до неговата смрт во 2007. Најавува и дека улогата (каде во еден момент од нејзе се бара да не трепка некое време) ќе ѝ овозможи да покаже досега невидени актерски способности.

Добро, имаме филм на список за ноември.

24 септември 2020 - 12:04