Гвинет Палтроу предлага да се подмладувате со токсин

Ќе влегува во партнерство со бренд за инекции против брчки што се вика Ксеомин - токсин што е производ на бактерии што се наоѓаат во ботулизам - како да не ѝ е репутацијата парче заради сомнителните бизнис идеи.

Пишавме botulism на Гугл и првата реченица гласи: „Ботулизам е ретка и потенцијално фатална болест што...“ и тука прекинавме.

По објавувањето на текстов, добивме и eye-opening мејл, со нешто што требаше да биде очигледно, па сепак решивме да дочитаме.

Ботокс.

Едно од популарните имиња за ова е ботокс.

Зошто Гвинет Палтроу и светот се прават како да имаме работа со нешто ново - не се знае, ама веројатно со оглед на тоа што популарноста на ботоксот трпи во последниве години - нешто ново мора да се работи.

Нејзината компанија Гуп постојано мора да предупредува луѓе дека „идеите“ не се медицински издржани и не се одобрени од доктори. И без разлика што тврди дека живее „чисто“, истовремено тврди и дека „сѐ би пробала“ кога се работи за борба со брчки. Значи, безнадежно е.

„Новиот“ метод го рекламира на нејзиниот сајт, почнува со зборовите „Верувајте ми“ (А зошто, бре, Гвинет?!), ама на крај има дисклејмерче:

„Не се направени истражувања дали присуството или отсуството на придружните протеини имаат долготраен ефект на безбедност или ефикасност.“

Тоа не ја спречува вака да го исфали:

„Наоѓање на високо прочистени и докажани продукти е многу важна работа. Тоа е една од многуте причини што почнав да го користам Ксеомин пред неколку години. За мене убавината значи продлабочување на среќата наместо бркање младост. И не е тајна дека сум отворена книга кога се работи за режими за убавина, но би сакала да знам што има во еден производ пред да го ставам во телото.“

Мотото на кампањата е дека не треба да се срамиш ако сакаш да пробаш третмани поради кои се чувствуваш добро, што е ТОЧНО, само што, ако веќе користиш третмани, нели би требало да се одобрени од медицинско лице?

Би требало.

Кредибилитетот ѝ беше под лупа и кај Сет Мејерс, каде што рекламираше нов настан, „Гуп на море“, ама никако не можеше да ѝ текне со која компанија за крстарење склучила договор.

И што е најинтересно (најтрагично?) нејзината серија доби нова сезона на Нетфликс. Серијата за брендот Гуп што го почнала во кујна и тоа со идеи што дошле од „љубопитност“, не научно издржани.

Да не ја забораваме и свеќата „Вака ми мириса вагината“ што се продаваше за 75 долари.

Во 2018, Гуп мораше да плати 145.000 долари заради недокажани тврдења дека вагиналните јајца од жад имале придобивки за здравјето. Самата Палтроу откри дека знае дека направила грешки со компанијата што ја чинеле милиони.

Сепак, магично, компанијата постои, а Палтроу ќе може да ја продава инекцијата.

Најстрашното е што и покрај сѐ, ќе има кој да ја купи.

18 септември 2020 - 12:20