Три паузи што ви се потребни секој ден

Време не можеме да измислиме и да додадеме, ама енергијата е друг муабет. Сте се запрашале зошто ви треба двојно повеќе време да сработите нешто во 2 попладне, отколку во 10 сабајле? Не сте поглупи - нивото на енергија ви се менува во текот на работниот ден.

Едно истражување покажува и дека луѓето најчесто пријавувале дека се најенергични во 8 наутро, веројатно после првото кафе. И како што поминуваат часовите, нивото на енергија се разбира - се намалува.

Истото тоа истражување покажува и дека петминутно качување по скали може да ви наполни енергија за уште еден час. Повеќе енергија значи подобро работење што значи дека паузите се неверојатно продуктивни - ако добро ги изведете.

Клучот е да се закажат проактивно. Уморниот мозок секако ќе се обиде да одмори, но веројатно ќе избере нешто труло како скролање по Фејсбук. Затоа - сами ќе си ги одредите круцијалните паузи.

Ако земете продавница за пример, барем во Америка - имаат по 3 паузи во осум часа работно време. Две по 15 минути - „за цигара“, и оброк од половина час. Ритамот функционира и за компјутерска работа. Кратка пауза наутро, малку подолга за ручек и попладне уште една, со што се означува денот без всушност да се одземе од продуктивност. Идеално, ваквите паузи би вклучувале активности што подобруваат енергија или барем расположение.

Треба да се: Физичка, социјална и спиритуална

Физичка:
Вклучува прошетка по соседството, прошетка на куче, трчање, вежбање, скокање со јаже, тегчиња или трчање по скали.

Социјална:
Ова може да значи кафе со колега (макар и виртуелно), ручек со партнерот и децата или јавување на пријател или роднина со кој сакаш да се чуеш.

Спиритуална:
Спиритуалната пауза е помалку интуитивна, но во овој контекст значи било што што ќе влијае на душата или духот. Значи: Молитва, медитација, читање, слушање фина музика, гледање во нешто убаво или било какво поврзување со нешто поголемо од самите нас.

21 септември 2020 - 02:38