Се продава најтесниот дом во Лондон

Ако некогаш ви паднало на памет специфична желба како „сакам да живеам во тесно“, плус ви се наоѓаат 1,3 милиони долари, имате шанса да си ја остварите во Лондон.

Порано куќата била продавница за шапки што се простирала на пет ката. И во последнава деценија си ја има дуплирано цената - иако катовите се широки по метар ипол.

Екстериерот е шармантна темносина боја. Ентериерот е преубав, без разлика што е неортодоксно тесен - со сите пет ката се добиваат 315 квадрати.

На долгнавестото приземје има приемен дел со кујна што води до трпезарија. Од таму излегувате во градина.

Понатаму, спирални скали водат до првиот кат каде што има спална и работна соба. Најгоре на покривот има тераса и лудачки поглед.

Во ’90-те, му припаѓала на модниот фотограф Јурген Телер, од кого ја откупил актерот Сајмон Вудс (од „Гордост и предрасуди“).

И на крај, еве цртеж за подобра ориентација:

Реакциите се на две спротивни страни од спектарот, каде што најфиниот е „Британија никогаш не престанува да ме изненадува, ја обожавам оваа земја,“ а од карши некој вика „Лондон треба да јаде булдожер и да лета во Темза.“

Би живееле тука?

22 септември 2020 - 00:49