Може ви се чини дека ваквиот коментар ќе направи човекот да се почувствува подобро, но реалноста е дека повредува од неколку причини. „Ова звучи како да сте на нивна страна, а всушност е ненамерна навреда - судење на изборот на партнер,“ објаснува Конел Барет, советник за врски и состаноци, кој активно работи со луѓе во Њујорк. „Ваквиот фидбек може да се протолкува како уште едно боцкање на и онака ранлива личност, затоа што човекот може да се посомнева во своите инстинкти.“
И има уште неколку коментари и прашања што треба да се избегнуваат. На пример:
Што се случи?
Ова звучи како очекувано и неутрално прашање од прва. А всушност има многу слоеви, затоа што покажува дека сте лично заинтересирани да ги дознаете скандалозните детали за нечиј развод, наместо да покаже сочувство. „Ѝ служи на вашата љубопитност многу повеќе отколку што на разведениот ќе му послужи како олеснување,“ вели Барет. „Не морате да ги терате одново да набројат што не било во ред.“
Добро е што се заврши.
Да се прифати дека еден брак е готов е правилна одлука за двете страни, но тоа не значи дека разделбата се случила инстантно, ниту дека било кој од сопружниците веднаш ќе заборави на сѐ што споделувале. Сепак изградиле цел заеднички живот, и тоа може да вклучува дом, деца, патувања и многу радости по пат. Може да биде ужасно, затоа што имало ветување дека ќе бидат засекогаш заедно, а самиот развод значи срушени соништа. Одлуката да се прекине е едно, но времето потребно за одболување на разводот е сосема друго.
Знам некој што многу ќе ти одговара.
И ова е обично со добра намера, затоа што сакате пријателот да продолжи со животот. И некои тазе разведени луѓе се спремни веднаш за ваква асистенција, ама има и такви што тешко ќе ја сварат идејата, дури и самата дискусија за тоа. И веројатно ќе дојде време кога ќе можете „да им местите некој“, ама ако процесот е штотуку завршен, паметно ќе биде да се воздржите уште некое време.
Седи дома колку сакаш и среди се
Се разбира дека треба да одмори, да размислува и да си го среди животот и емоциите, ама не би било здраво тоа да трае предолго. Поддржете го човекот со охрабрување значајни интеракции - дури и тоа да е готвење наместо него, или слушање со часови. „На сите ни е потребна конекција,“ вели Барет, „и разведен човек ќе сака да ја замени таа конекција колку што може почесто.“
Бонус совет што важи само за кај нас: Не морате да кажете дека „немало потреба од развод“, дека „треба да се издржи“ и „ееее, ако се разведуев ја на секоја расправија кај ќе ми беше крајот.“ Најверојатно никој не ве прашал баш на овие теми.
Додека сме на темата: