„Еднаш разгледав барање за развод затоа што жената никогаш не ја чистела шолјата после голема нужда.“
„Еден се разведуваше затоа што жена му ја запросил некој од оние лажовите на мејл, што се претставил ко Принц на Турција, или така нешто. Сакала да му даде 45.000 долари и да се пресели во Турција да се мажи за него.“
Пред наредново, направете пауза, напијте се нешто. Нема добро да ви легне:
„Клиентка се разведе од мажот затоа што ја донел мајка му на меден месец. Причината? Мајка му сѐ уште го ДОЕЛА. Да, сопругот, возрасен човек, сѐ уште цицал.“
„Една колешка беше мажена седум пати. Еднаш се развела затоа што сопругот бил премногу згоден и не можела да му верува. Друг пат, затоа што дошол дома со погрешен бренд виршли. Не измислувам.“
„Една пријателка беше строг вегетаријанец. Една вечер, маж ѝ и дал риба и месо, а таа мислела дека е замена за месо. Кога открила дека е вистинско, се развела.“
„Другарка ми се разведе од сопругот затоа што му ги читала пораките и видела дека ѝ ги оговара кучињата пред другарите.“
„Мајка ми ми кажа дека моментот кога ѝ пукнал бракот бил кога дознала дека татко ми троши 65 долари неделно во Старбакс.“
И овде земете воздух, и тоа длабоко, ќе ви треба, од проста причина што ќе ви снема:
„Знаев еден пар што се разведе откако жената го фатила мажот како се мачка по целото тело со гомцата од пелената на нивното бебе.“
„Во ‘70-те, кога обичните луѓе правеа досадни, секојдневни работи, тетка ми и тетин ми се разведоа затоа што „повеќе не ги гледале истите работи на слика“.“
„Еден клиент се разведе затоа што партнерката го криела чипсот во кола, за да не може да го дели со неговото семејство кога ќе дојделе на гости.“
„Еден поднесе документи за развод затоа што жена му секое сабајле го прашувала какво кафе пие. Секое сабајле, цели седум години.“
„Тетка ми се разведе од тетин ми на ливче. Му напиша „Те оставам за Дајен.“ Не знаеше за што попрво да биде збунет: Дека го остави на ливче од хартија за виткање месо, или дека е лезбејка.“
И најблиску до дома:
„Познавав едни што се разведоа истиот ден кога се земаа. Младоженецот играше со сестра му на свадбата, и невестата дојде и праша дали може таа да поигра со него. Сестра му се обиде да ја удри, ама промаши и ја удри сестрата на невестата. Се направи хаос. Вечерта заврши кога невестата му рече на младоженецот да избере меѓу неа и сестрите. Ги избра сестрите. Не стигнавме ни до вечера.“