Пред април, 2020, Тања Закерброт изгледа дека има сѐ - богата Инстаграм инфуленсерка, дуплекс од 22 милиони долари на Парк Авенија, симпатичен сопруг што работи со недвижен имот и три здрави деца. Регистриран нутриционист е и сопственик на империја за слабеење со наслов „Ф-фактор диета“ (Ф-то е за фајбер - влакна). На империјата почнува да ѝ гори под нозе кога друга инфлуенсерка, Емили Гелис Ланд почнува да објавува скриншотови од анонимни корисници кои тврдат дека имаат лошо искуство со диетата. Исхраната богата со влакна и протеини се фали дека „можете да јадете јагленхидрати, да вечерате по ресторани, да пиете алкохол и помалку да вежбате.“ Тврди дека има многу протеински прашоци и барови. А поранешни клиенти викаат дека добиле осипи и чешања, а некои наводно завршиле и во болница.
Во јули почнаа да се појавуваат се повеќе Инстатрам профили со тврдења за штетноста на Ф-фактор, а Гелис сите ги објавува. Закерброт на Инстаграм во живо тврди дека трпи сајбер-малтретирање. Гелис објавува одговор на тоа со тврдење дека Закерброт си ги обвинува клиентите.
Сега правниот тим на Закерброт се расфрла со тужби кон сите што ја „клеветеле“ диетата на Инстаграм, според Инсајдер, а таа во исто време истакнува дека Гелис нема никаква врска со нутриционизам. Гелис за возврат тврди дека за 599 долари продаваат анорексија. А целата расправија само ги истакнува ограничувањата на инфлуенсерите за слабеење чие проблематично тврдење е дека „секој може да ослабне“. Ги истакнува и негативните страни на анонимните профили, кои во последниве години се користат за издавање на цели компании, шефови и универзитети - секако знаат да бидат важни за барем некако да се рашири информацијата, но истовремено ја спречуваат публиката да дознае кој се крие зад тие тврдења.
Сериозно стана кога Гелис сподели сведоштва од жени кои наводно заради Ф-фактор диетата имале спонтан абортус. Пренесоа и Њујорк Пост и Рифајнери29, ама излезе дека тврдењата се лажни - откако излегоа, поранешна инфлуенсерка ѝ пратила мејл на Закерброт и ѝ кажала дека таа ги испратила тврдењата.
Зошто да се измисли, па да ѝ се каже на жртвата - никој нема да објасни.
Во секој случај, од ова живее нутриционистичката машинерија, и тоа онаа од мрачната страна, каде што не добиваш упатства за здрава исхрана, него прашочиња и гумени алки што те потсеќаат дека си јадел пред пет минути - на која како жртви секојдневно паѓаат стотици илјадници луѓе. И ова не е од новата ера - Инстаграм е само најновиот медиум на кој може да се конзумира една стара лага.
Сепак, адвокатите на Ф-фактор веќе имаат изјава каде што, како по обичај, „диетата ја одобруваат сите нутриционисти и лекари и можеби не е за секого, но е ефикасна.“
А да си повежбате малку?