Холивудски ликови што уште не се даваат

Замисли да имаш глумено кај Хичкок, или во Sound of Music, или да си служел во Втора светска војна, да си преживеал време кога Америка ставала филмски работници на црна листа под сомнеж дека се комунисти, или да си прва жена со креативна контрола на серија - и уште да си жив.

Типи Хедрен и ПТИЦА!

Типи Хедрен на пример, е прва на список и чудесно е што во 2017 изгледала подобро отколку нејзината ќерка Мелани Грифит, а има и такви што ќе се сложат дека е поубава и од внука ѝ. Разоткривајќи го Хичкок како еден од оригиналните Харви Вајнстин-типови, Хедрен ја ризикува кариерата за да се откачи од него, поточно: ја малтретира и сексуално и секако, и откако ќе реши да стави крај на тоа, Хичкок ѝ кажува ќе ѝ ја уништи кариерата. Прво не му верува, ама како и секој регуларен Вајнстин, има решение: ја држи под договор со него, и притоа не ја ангажира. Хедрен конечно успева да добие улога три години откако го снима последниот филм со него, ама никогаш не достигнува слава како во најдобрите години.

Сепак - жива е, и има точно 90 години. И не е ни најстара на списокот. Мел Брукс има 94, од најновиот филм на Кристофер Пламер, Knives Out нема поминато ниедна година, а во декември полни 91; Сидни Поатје важи за прв што успеал да претстави црнец на филм како нешто друго освен стереотип (и со тоа завршува многу повеќе работа, и многу пред „Црниот пантер“) и сега има 93. И на крај, да не ја урочиме Бети Вајт што во јануари ќе полни - 99.

Па, да се живи и здрави.

28 септември 2020 - 04:03