Ваков фокус се забележува и на Миланската и на Лондонската модна недела, со детално осмислени отвори на блузи и опуштени панталони.
Прада го мести логото кај крагната и пушта големи капути што околу рамениците се собираат како да си замотан со ќебе. Изјавата е дека „не дека е инспирирано од Зум, ама се фокусира на современиот однос на човекот и технологијата.“
Мијуча Прада вели,
„Модата се врти околу реакција на реалноста. За време на карантинот, сфатив колку е важна технологијата и колкаво влијание има на нас, а на некој начин е и проширување на самиот човек.“
Продажбата на луксузни парчиња ширум светот се предвидува дека ќе падне за околу 35% оваа година, поради затворање на продавници заради корона, а во март веќе паднаа за 34%, додека индустријата се бореше да привлече муштерии. Сега дизајнерите размислуваат за начинот на кој го живееме животот, и тргаат од идејата „заглавени бевме внатре со месеци, сега сакаме да се изразиме.“
Критичарите забележуваат поголема популарност кај накитот, а продажбата на ташни и чевли е падната. Експертите прават проценка на одлуката логото да се става околу врат затоа што на тој начин, брендот сепак се истакнува и кажува нешто. Луѓето сѐ уште сакаат да изгледаат професионално, дури и кога работат од дома, но се забележува придвижување кон еден поопуштен, покежуал изглед.
Основачот на This Is Silk, Сонал Кеј заклучува дека, „Облеката секогаш се користела да се покаже социјален статус и улога во општеството, а тоа сега тешко се манифестира, кога цела комуникација ни е онлајн. Модната индустрија страда заради пандемијата бидејќи луѓето немаат баш потреба од формална облека.“
Затоа, логото горе, ќебе-капут, па брендови и луѓе што покажуваат социјален статус - на коњ.