Неделна доза ентериер:

Реновирање на мал простор

Мала куќа во Ванкувер ја наоѓаат во жална состојба, но бидејќи им се допаѓа квадратурата, дворот и маалото, ја купуваат и ја претвораат во дом. Плус им е што работат уредување ентериери и знаат точно што треба да прават.

Вреди да се спомне дека „мал простор“ во Ванкувер значи нешто друго, и поголемо од општото сфаќање за мал простор. 

Се влегува директно во дневна и почнува со модуларна гарнитура што им овозможува играње со просторот. Ако малку сте биле заинтересирани за уметноста на уредувањето ентериери, веднаш ќе ви биде јасно зошто, при влегување, од една страна е дневна, а од друга страна е дневната - во огледало. Визуелно се зголемува просторот и огледалото е секако корисно пред да излезеш од дома, плус добиваш повеќе светлина.

Трпезаријата ја имаат решено со клупи тапацирани во нешто што е деца-френдли, затоа што имаат три, плус клупите и масата се пониски, а со оглед на тоа што и таваните се ниски, се добива впечаток дека сѐ изгледа како што треба.

Боите се едноставни, на број на детали се штеди за да не се оптерети просторот.

Обрнете внимание на вратата од терасата: Се собира цела во цик-цак и практично се отвора цела кујна кон терасата - за ручање надвор, за чекање гости и за фини проводи летно време. 

Терасата била исклучително грда кога ја нашле, и кажуваат добри идеи за тоа како може да заличи - почнувајќи од (најверојатно) бродскиот под. 

Букмарк, ќе ви се најде:

29 септември 2020 - 17:11