Како да надминеш креативна блокада, со Дејвид Линч

Интернетот е полн со совети за справување со креативни блокови. И ниеден од тие што советуваат не е Дејвид Линч, освен - Дејвид Линч.

Просто: Ако работиш со дрво, ти треба простор за да можеш на раат да работиш со дрво.

Филозофијата на Линч е дека мораш да имаш сетап. Простор, одреден ќош, уреден соодветно, со сите потребни алатки, за кога ќе добиеш идеја, да можеш да се сместиш таму и да ја реализираш.

Кога се работи за писателски блок, советот е: продолжи да ловиш. Денес може нема риби, ама ти продолжи да ловиш.

Плус - мотивација, и како се раѓа идеја во главата на Дејвид Линч:

28 септември 2020 - 03:38