Никогаш не ме бивало за to-do списоци. Мене ми се измачување: Правиш список на нешта што неизбежно нема да се завршат; документ за иминентен неуспех. Со глас на водител на квиз ти вика: Еве што сѐ сте можеле да направите!
Сепак, за многумина, штиклирање на вакви списоци е дефиниција за задоволство. Мини-буст на расположение, микро-инекција на достигнување. Вреди да се каже дека да завршуваш мали задачи обезбедува мотивација за поголемите промени што човек треба да ги направи во животот (Иако понекогаш ова е пуста желба: како кога купувавме нов прибор пред почеток на школо, иако имаме уште три, но мислевме дека ново пенкало ќе ни направи повеќе мерак).
Воздивнувам на обврски и задачи. Се кријам од мејлови. Не постигнувам многу кога се работи за менаџирање на животот. Ама развив трик: списоци на завршени работи.
Ваквиот список значи уметност на запишување сѐ што си завршил. Истиот буст го добиваш како и другите кога ќе штиклираат нешто претходно запишано, само кај мене, кога додавам нешто на празна страница, не се потсетувам на други нешта што треба допрва да ги направам.
И во еден претеран потег, сите вакви списоци ги чувам во џиновски Гугл документ. Кумулативна листа на тоа што (ако воопшто има нешто) сум успеала да постигнам тој ден. Секој придонес е важен. На пример, „откажав картичка“, или „Донирав закачалки“. И главно овие списоци значат дека можам водам евиденција кога продуктивноста ми е за никаде, па задоволно гледам во некои претходни недели кога сум била закон.
Ако списокот е полн, денот ми е помирен и така сметам дека сум направила нешто добро за себе. Затоа, ако ви се прави нешто што ќе ве расположи, и ако ви се ужива во мали победи - предлагам список на завршени работи.
Challenge accepted.