Првиот женски рок-бенд во Велика Британија

А ние не сме ни чуле за нив.

Ливерпул, 1962. Сите прават музика. Една тинејџерка се наоѓа на свирка на Битлси. И на братучетките им вика: „Вакви ќе бидеме и ние. И ќе бидеме првите девојки што ќе го направат ова.”

Отишле, купиле гитари и тапани и на продавачот, а и на типот што го имал клубот каде што сакале да свират сето ова им се чинело како одлична идеја - девојчиња во бенд.

Само што, девојчињата немале поима од свирење.

Тука им текнува дека ова може да е малку потешко отколку што им се чинело. Среќа, па доаѓаат две девојчиња што знаат по нешто. Една се фаќа за тапани затоа што дланките ѝ се премногу мали за гитара. Доаѓа нова девојка што знае да свири на гитара.

Една вечер, ги запознаваат Ленон и Макартни. Почнуваат да вежбаат како луди, откако Ленон ќе им рече, „Девојки не можат да свират гитара.” Чудно како истиот човек после ќе смета дека Јоко Оно е талентирана за било што. И ќе ја пушта во близина на инструменти и микрофони, кога само треба да ѝ ги сокрие.

Назад на Лајвербрдс! Ги забележува агент и почнуваат турнеја низ цела Англија.

И не ги следеле само заради музиката - Мери, Силвија, Пам и Вал се првиот женски рок бенд во Велика Британија, со турнеја со Ролинг Стоунс, со дување со Џими Хендрикс, со такви работи.

Сега се останати само две. Среќа, има кој да ја раскаже приказната.

23 декември 2019 - 11:47