Некогашниот шампион со Вардар Милосављев одбрани пет пенали на ракометно дерби во Германија
Триесет годишниот српски голман Дејан Милосављев кој во сезоната 2018/2019 беше еден од најзаслужните за втората европска шампионска титула на РК Вардаср 1961, синоќа направи шоу. На дербито во германска Бундеслига меѓу неговиот Фухсе Берлин и лидерот Магдебург Милосављев одбрани 5 пенали и тоа уште во првиот дел.