Дојде 2020 - Ема се разбуди

„Френдс” ги извадија од Нетфликс, ама тоа не значи дека не ја памтиме репликата „Здраво, Ема. 2020-та е. Уште уживаш во дремката?”

Ноел Шелдон и нејзината сестра близначка го глумеа бебето на Рос и Рејчел - Ема, и затоа што никој не е будала да пропушти ваква шанса - дојде јануари 2020 и Шелдон објави пост на Инстаграм како реакција на епската реплика на Чендлер.

Во епизодата „Со тортата” од 2003, Рос и Рејчел го слават првиот роденден на Ема, и прават видео што би ѝ го пуштиле кога ќе наполни 18 години. Моника и Чендлер сакаат да си одат, не ги пуштаат, па затоа и таа фрустрирана видео-порака што понекогаш сите ја разбираме кога ќе заглавиме на детски роденден.

Шелдон на Инстаграм објави слика со вметнат ентериерот на „Централ Перк” во позадина:

 

И плус уште неколку фини сликички:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Mom 🥰 (pt 2) #friends25

A post shared by cali (@cali.sheldon) on

 

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

The one where it all began.... #friends25 ❤️

A post shared by cali (@cali.sheldon) on

Не требаше да ни ги тргнат од Нетфликс, само 6 пати ги прегледавме.

8 јануари 2020 - 10:28