Како минимализмот заштедува пари

Овде нема да зборуваме за фрлање сѐ од дома и живеење со една дрвена чинија, душек на земја и еден пар крокс. Напротив, не се откажувајте од основни потреби, фини детали и ситни, па и крупни задоволства. Ама баш дека мора маникир - не мора.

За претерување и слепо следење на трендот со минимализам видете овде.

А сега, на пологичната страна на нештата.

Жустин Леконт се откажува од маникир. Гел е супер и ноктите се секогаш средени, ама барем сега со карантините некои ентузијасти се најдоа во небрано кога мораа сами да ги вадат ноктите, што неизбежно води до модрици и нокти како ливчиња. Што ќе се случи ако некое време паузирате од маникир и ги мачкате само со заштитен слој? Една обврска и еден трошок помалку, и посилни нокти.

Тоа не значи дека треба да се стрчаме по лакови во сите бои. Освен ако лакирање во разни бои не ви претставува особено задоволство (во којшто случај можете да си го правите ќеифот колку сакате), може треба да размислите дали реално користите толку многу или секогаш гравитирате кон 2-3 бои... Кои веќе ги имате дома.

Потоа - планери. Има едно слатко задоволство во купување на нов планер или шарена тетратка што ветува продуктивност и завршување на одамна почнати проекти, ама реалноста е дека дома имаш уште 20 и сите 20 ти е жал да ги почнеш. Има одлични апликации за телефон и компјутер за ова.

Купачи. Сериозно, не мора нови секое лето.

Други корисни откажувања (и едно бескорисно бидејќи се работи за дезодоранс од кој НЕ ТРЕБА да се откажете):

21 септември 2020 - 03:09