Од каде е последниот кадар во „Сјаење“?

Црно‑белата фотографија од свечена сала, со датум July 4th, 1921, каде ликот на Џек Николсон, Џек Торанс се појавува меѓу гостите на хотелот „Видиковец“, беше еден од најзагадочните моменти во филмот.

Фотографијата воопшто не е спремана за потребите на филмот, туку постоела претходно. Направена е на 14 февруари 1921 година, на бал за Св. Валентин во салата Empress Rooms на хотелот „Ројал Палас“ во Кенсингтон, во Лондон. На фотографијата се гледаат луѓе во елегантна вечерна облека, господа во смокинзи и дами во долги фустани, на гламурозен вечерен настан. За потребите на филмот, Џек е дигитално вметнат во сцената. Ова откритие само потврдува какво ненормално внимание посветува Кубрик на детали и историска автентичност, дури и кога се работи за натприродни елементи.

Хотелот бил срушен во 1960‑тите, а од него останала само порта и неколку споменици. Сепак, фотографијата продолжува да биде дел од филмската историја, демонстрирајќи како Кубрик користел реални историски материјали за да го зацврсти визуелниот и наративниот контекст на Сјаење.

Инаку, на Јутјуб има една скапоценост на каналот Heavy Spoilers - видео каде што се прегледува филмот до најситни детали што многу лесно можат да се пропуштат ако не си го изгледал филмот опсесивно трицифрен број пати. Ете, некој тоа го направил наместо нас и фасцинантно е што сè се крие во деталите:

 

6 ноември 2025 - 00:00