Убаво гуглајте пред да се тетовирате.
Во еден клип на ТикТок (а каде на друго место?) што сега е се разбира тргнат, една корисничка предлага сите припадници на оваа млада генерација да си направат иста тетоважа.
Вика,
„Што ако, ај да ме чуете… ако сите си направиме иста тетоважа, не само како симбол на заедништво во нашата генерација, туку и како знак на бунт.“
И на останатите корисници на ТикТок не треба два пати да им кажеш кога се работи за тренд, само што, наскоро почнаа да се јавуваат и такви што укажуваат на тоа колку „новата тетоважа“ личи на еден нацистички симбол.
Низ годините различни групи го имаат модифицирано, па не е ни необично да се види малку поинаква верзија што сѐ уште го носи истото штетно значење.
За жал, децата веќе се истетовираа, пред да сфатат што е работата. Девојката што го предложи ова се извини:
„Така го пишувам З-то уште од основно,“ вели во еден пост. „И кога го покажав, не мислев ништо лошо… Целата поента ми беше да си ја соберам генерацијата. Се работеше за љубов и заедништво, ОК?“
Се разбира, бидејќи веќе кажавме дека е лудо времето во кое живееме, зумерите сега си бараат нова заедничка тетоважа.
Уште да можеше да се предвиди што ќе им текне.